Македонија

„Агроглобал трејд“ го купи имотот на „Коки Лукс“

21 фев 2020

Компанијата „Агроглобал трејд“ ја прошири својата дејност со купување на имотот на „Коки Лукс" ДООЕЛ од Свети Николе. 

Основната дејност на „Коки лукс“ опфаќа производство на мелнички и пекарски производи, тестенини и брашно. Компанијата поседува сместувачки капацитети за житни култури (20.600 тони), како и сопствена малопродажна мрежа.

Компанијата има производствен капацитет од 60 тони на дневна основа со 25 вработени. Мелницата датира од 1995 година, а во 2019 година истата беше преземена од страна на „Агроглобал Трејд“ од Скопје.

Сопствениците на компанијата со ова го заокружија производниот процес-производство на житарки, складиштење, производство на брашно и леб, како и трговија со лебно жито. Плановите се големи, најпрво стабилизирање на компанијата на домашниот пазар со инвестирање во опрема за производство на нови видови на брашно, а потоа и извоз во регионот и во ЕУ. 

Извор: Стопанска комора на Македонија 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...