Македонија

ЕУ ја изгласа забраната за 10 пластични производи

24 јан 2020

Европскиот Парламент ја изгласа целосната забрана на 10 пластични производи за еднократна употреба.

Тука спаѓаат пластични сламки, пластичен прибор за јадење, држачи за балони, стапчиња за уши, пластични стапчиња за мешање кафе...Забраната е во насока на посветеноста на европските власти за решавање на глобалниот проблем со пластичниот отпад.

Европа мора да се соочи со фактот дека не можеме товарот да го предадеме на некој друг. Ако не реагираме сега, ако не бидеме брзи, ќе имаме повеќе пластика во океаните отколку риби, соопштија од Европската комисија.

Следно, земјите членки на ЕУ треба да ја одобрат оваа забрана. Некои од земјите веќе се изјасниле дека целосната забрана на еднократната пластика ќе биде премногу тешка за имплементација, но не и невозможна. Затоа и е оставена една година за прилагодување кон промените.

Забраната ќе стапи на сила следната година. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...