Македонија

InStore избира најдобро трејд-решение

15 јан 2020

Производителите вложуваат многу во трејд маркетингот, за своите брендови полесно да стигнат во кошницата на потрошувачот.

Отсега вашите иновативни и креативни промо позиции ќе ги следиме во InStore. Затоа, испратете ни фотографии од вашите примарни, секундарни и посебни позиции, посебно уредени простори во маркетите, заедно со краток опис, а ние ќе ги објавиме најдобрите. Производители, дистрибутери, трговци ги очекуваме вашите фотографии на info@instore.mk.

Во рамките на следниот број на магазинот InStore планиран е нов прилог наменет за трејд решенијата и POS во кој ќе ставиме посебен акцент на позиционирањата во маркетите, кои сè почесто се вистински иновативни достигнувања. Во прилогот ќе има една страна наменета за вашите најдобри промо-позиции во 2019/2020 година, но ќе има и стручни текстови од експерти од областа.

Вие имате што да покажете! Нестрпливо Ве очекуваме!