Македонија

Уште 13 домашни компании ќе извезуваат храна во ЕУ

14 јан 2020

Зоран Атанасов, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), денеска на средба со новинарите информира дека уште 13 оператори со храна од земјава се регистрирани за извоз во ЕУ. 

Одобренијата за извоз им се издадени во периодот од јуни 2017 година до крајот на декември 2019 година. Станува збор за компании кои извезуваат главно храна од животинско потекло, јајца, млечни, месни и производи од риба.  

Според Атанасов, АХВ го изврши прилагодувањето на законодавството со европското во најголем дел преку задоволување на хигиенските стандарди, вклучително и за традиционалните производи. 

Унапредени се условите на фармите и благосостојбата на животните, модернизирани се производните објекти за храна од животинско потекло, подобрен е квалитетот на суровото млеко, зголемена е контролата на пестицидите, а сигурен, веродостоен е и системот на националните лаборатории. На овој начин храната произведена кај нас ги гарантира високите стандарди не само за своите, туку и за потрошувачите на ЕУ, нагласи Атанасов



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...