Македонија

Дрогериите dm во Македонија од следната недела ќе ги укинат пластичните кеси

14 окт 2019

Дрогеријата dm во Македонија од следниот понеделник нема да даваат пластични кеси. Оваа новина ја најавија со слоганот „ОДБИРАМЕ СОВЕСНО“. 

Го најавуваме почетокот на крајот на пластичните кеси во dm! Како компанија која е посветена на зачувување на околината и создавање подобро утре, ОДБРАВМЕ СОВЕСНО и решивме дека од 21.10.2019 ги укинуваме пластичните кеси од нашите дрогерии. Затоа ве повикуваме, за шопинг во нашите дрогерии да носите свои торби, а ние во нашите дрогерии ќе продолжиме да ви нудиме еколошки повеќекратни алтернативи на досегашните кеси за еднократна употреба, соопштија од компанијата. 

Пред два месеци, пластичните кеси ги повлече и дрогеријата dm во Босна и Херцеговина и наместо нив почна да им дава на купувачите платнени торби. Од таму објаснија дека купувачите ќе добијат „торба за цел живот“, така што оштетената платнена торба ќе можат бесплатно да ја заменат за нова. Целта е да се намали употребата на тенките пластични кеси, кои се користат просечно по 12 минути, додека нивното разградување трае неколку стотини години. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...