Македонија

„Плусинфо“: За секое покачување од 100 евра, Владата ќе плати по 50 евра

03 сеп 2019

По 3.186 денари по работник ќе добијат газдите од Владата, ако ја зголемат платата за 100 евра како што предвидува новата мерка за субвенционирање на зголемување на платите во приватниот сектор, пренесе порталот „Плусинфо

Владата, како што најави, премиерот Зоран Заев планира со ребалансот на Буџетот да обезбеди 40 милиони евра за покривање на оваа мерка. Работодавачите се задоволни што едно нивно барање од лани за субвенционирање на придонесите ќе се реализира. 

Според она што досега е познато, Владата ќе ги покрие придонесите за износот за кој се зголемува платата до износ од 100 евра. Работодавачот, пак, ќе го плати само персонален данок на зголемувањето.

Министерството за труд и социјална политика веќе работи на предлог-закон за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување по основ на зголемување на плата. Според она што е објавено на Единствениот електронски национален регистар (ЕНЕР) со законот се уредува висината, условите и начинот за субвенционирање на придонесите.

Целта е да се стимулира зголемување на платите на вработените во приватниот сектор преку финансиска поддршка за работодавачите кои ќе извршат зголемување на платата на вработените, велат од Министерството.

За Организацијата на работодавачи ваквата мерка на Владата е прифатлива со оглед дека тие уште лани барале за трудоинтензивните сектори да се субвенционира зголемувањето на платата.

Владата, сепак, одлучи да го субвенционира зголемувањето на платата во сите ресори освен за буџетарите. Со оглед дека сѐ потешко се наоѓа работна рака во земјава на работодавачите ова им е мерка која ќе го ублажи зголемувањето на платата за да можат да ги задржат работниците или да привлечат нови. Најдобро ќе поминат компаниите кои на работниците им даваат дел од платата во кеш и вака само ќе го легализираат тоа. Другите ќе треба да обезбедат пари за зголемување на платите со тоа што за нив е поволно што нема да плаќаат придонеси, вели Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи.

Мерката, додава тој, е еден начин да се зголеми и просечната плата во земјата, а ќе важи и за зголемувањето на минималната плата.

*Извор: Плусинфо 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...