Македонија

Голем интерес за 5.FMCG SUMMIT 2019

16 мај 2019

Почна 5.FMCG SUMMIT Скопје 2019, кој денеска на едно место ги обедини трговците, дистрибутерите и производителите за да ги слушнат новитетите од најзначајните домашни, регионални и светски авторитети во FMCG секторот. 

Нашата главна цел е сите учесници на самитот со себе да понесат барем една нова визија за својот бизнис или да создадат барем едно ново деловно партнерство. 

Свои презентации ќе имаат Џемаил Даути, генерален менаџер на „Даути Комерц“, Горан Теменугов, економски новинар, Тине Крачун, директор на „Институт за стратешки решенија“ од Словенија, Сања Михаиловска, генерален директор на „Саманта“ Никола Бароли, генерален директор на „Орбико“- Македонија, Саша Ќириќ, консултант од Србија, Сергеј Зафировски, основач и извршен менаџер на „Инсајдер ИД“, Патрик Зупанчич, сопственик и генерален директор на „Промофил“- Словенија и Хрватска, Драгиша Ристовски, основач и директор на „Гилберт центар груп“ од Србија и Дејан Ваневски, менаџер за дистрибуција на дистрибутерските производи „Марс“ за Македонија, Албанија и Косово. Ексклузивен говорник е Метју Браун, футуролог за малопродажба, сопственик на лондонската креативна агенција „Екочамбер“.  

Самитот секоја година го посетуваат повеќе од 350 учесници од над 130 компании во земјава.  

Настанот се одржува во хотелот „Александар Палас“. 




Слична содржина

@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 



Објавен повикот за технолошки развој за брзо приспособување

27 мај 2020

„Баерсдорф“ донира на национални здруженија во Македонија

27 мај 2020

ЕБОР со бесплатни онлајн-обуки за мали бизниси

27 мај 2020

Трговците со посебни рафтови „Купувам домашно“ за потрошувачите со платежни картички

27 мај 2020

МОТ и ЕБОР: За сериозниот удар на пандемијата потребна е голема државна интервенција

27 мај 2020

Од денес на кафе по протокол и на дистанца

27 мај 2020
Вчитува уште новости...