Македонија

Тиквешките семејни винарии формираа здружение

15 мај 2019

Во тиквешкиот регион е формирано Здружение на семејни винарии.

На основачкото собрание беа присутни триесеттина претставници на фамилијарни винарници, а интерес има и кај други најмалку десетина. Станува збор за здружение на мали винарски визби од Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Росоман и Градско. За прв претседател е избран Горан Јаковлевски.

Целта ни е развој на винарството. Сите ние сме производители на вино, ракија, маџун и други производи од грозје. Ќе соработуваме со други здруженија и локалните самоуправи, со стручни лица и надлежните институции при носење на законски акти и слично. Заеднички ќе настапуваме при прекугранична соработка, организирање на саеми и други традиционални настани како „Свети Трифун”, „Тиквешки гроздобер” и други, кои имаат за цел унапредување на винарството и туризмот. Заеднички ќе набавуваме репроматеријали и опрема, ќе го промовираме нашето производство, изјави Јаковлевски. 

Потпретседател е Блаже Миневски, секретар Гоце Попов, а благајник Александар Грков. Формирани се и Управен и Надзорен одбор.




Слична содржина

@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 



Кредити до 500.000 евра за извоз и преработка на земјоделски производи

22 мај 2020

Нема полициски час од денеска

22 мај 2020

„Филип Морис ТКП“ го лансираше IQOS во земјава

22 мај 2020

Комората на сметководители обезбеди дигитален пулт за превенција од Ковид-19

22 мај 2020

Денеска се очекува одлуката за угостителите

22 мај 2020

Со маски во маркетите до крајот на 2020 година

22 мај 2020
Вчитува уште новости...