Македонија

Следната недела средба меѓу македонски и грчки бизнисмени за трговските ознаки

09 мај 2019

В среда и четврток, на 15 и 16 мај во Атина започнува дијалогот меѓу бизнис заедниците од Македонија и од Грција за трговските ознаки согласно предвиденото со Договорот од Преспа. 

Генералниот секретар на Министерството за надворешни работи на Грција, Јоанис Брахос од 44-то Годишно собрание на Здружението на грчки извозници што вчера се одржа во Солун, според грчката новинска агенција АНА-МПА, рекол дека „двете страни сакаат да ја изразат нивната политичка волја за да се решат било кои проблеми поврзани со имињата“ и објаснил дека дијалогот не се води меѓу двете држави, туку меѓу бизнис заедниците.

Двете држави, се обидуваат со добри услуги, на позитивен начин да го зајакнат овој бизнис дијалог и да ги охрабрат експертските групи за изнаоѓање на било кои неопходни решенија, онаму каде што постојат проблеми, рекол Брахос.

Дијалогот на експертските групи ќе го следат генералните секретари на Министерствата за надворешни работи на двете земји, Јоанис Брахос и Виктор Димовски, но само во делот поврзан со почитувањето на Договорот од Преспа.

На првата средба на претставниците на бизнис заедниците од двете земји, од грчка страна, според грчката државна новинска агенција, ќе учествуваат Централната унија на комори, Федерацијата на индустрии на Грција и Здружението на грчки извозници.

Резултатите на овој дијалог ќе бидат доставени до експертската група, исто така предвидена со Договорот од Преспа, која технички и правно ќе помогне во работата.  




Слична содржина

@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 



Кредити до 500.000 евра за извоз и преработка на земјоделски производи

22 мај 2020

Нема полициски час од денеска

22 мај 2020

„Филип Морис ТКП“ го лансираше IQOS во земјава

22 мај 2020

Комората на сметководители обезбеди дигитален пулт за превенција од Ковид-19

22 мај 2020

Денеска се очекува одлуката за угостителите

22 мај 2020

Со маски во маркетите до крајот на 2020 година

22 мај 2020
Вчитува уште новости...