Македонија

Отворена е првата продавница „Моринга“

06 мај 2019

На средината од март отворена е нова продавница за здрава храна „Моринга“ во скопската населба Аеродром.

Лоцирана на улица Коста Новаковиќ, бр. 7 лок. 24, во непосредна близина на поликлиниката „Јане Сандански“, „Моринга“ се простира на продажна површина од 30 квадратни метри. Располага со една наплатна каса, а за услугата се грижат тројца вработени.

Асортиманот го сочинуваат 710 производи од сегментот здрава храна – органски производи, безглутенски, јаткасти плодови, семиња, зачини, ладно цедени масла, додатоци во исхраната, суплименти, чаеви и природна козметика, но, како што за InStore открива сопственичката Вера Пазаркоска, во блиска иднина бројот на производи ќе се зголеми до 900. Застапени се брендовите на „Виталиа“, „Био космос“, „Макпрогрес“ (Natura), „Алкалоид“, „Еко груп“, „Федор“, „Планинка“ (Prolom voda), „Јаболчело“, „Агрофила“ и други.

„Моринга“ е продавница за здрава храна, за здраво и среќно семејство. Продавница каде можат да се најдат намирници за секојдневна употреба и суплименти за специјална употреба. Продавница каде потрошувачот е пречекан со насмевка и каде сите си разменуваме искуства и си помагаме, вели Вера.

Ова е прва продавница „Моринга“ на истоимената компанија, која е регистрирана во февруари годинава. Како што открива Вера, во иднина планираат отворање и на други продавници, најпрвин во Скопје, а потоа и во другите градови низ Македонија.




Слична содржина

@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 



Кредити до 500.000 евра за извоз и преработка на земјоделски производи

22 мај 2020

Нема полициски час од денеска

22 мај 2020

„Филип Морис ТКП“ го лансираше IQOS во земјава

22 мај 2020

Комората на сметководители обезбеди дигитален пулт за превенција од Ковид-19

22 мај 2020

Денеска се очекува одлуката за угостителите

22 мај 2020

Со маски во маркетите до крајот на 2020 година

22 мај 2020
Вчитува уште новости...