Македонија

Метју Браун доаѓа на 5.FMCG Summit да ве подготви за иднината на малопродажбата

19 апр 2019

Футурологот за малопродажба Метју Браун е key note говорник на 5. FMCG Summit што ќе се одржи на 16 мај во Скопје во организација на магазинот InStore.

Браун е сопственик на лондонската креативна агенција „Ехочембер“, која од основањето во 1999 година ги следи иновациите на светските трговски пазари и еволуцијата на потрошувачките трендови. Редовно е главен говорник на глобалните конференции за малопродажба и на саемот „Ануга“ во Келн. Тоа е човек кој 20 години патува низ светот со камера в рака и го следи трговскиот сектор, при што ги забележува и анализира искуствата на трговците.

Неговата агенција „Ехочембер“ укажува на светските примери на добра практика и нуди креативна анализа за трговците. Притоа им помага на клиентите да ги разберат промените во потрошувачките трендови, да сфатат што тие значат за нив и како можат да им се прилагодат и да опстанат. Познат е и по тоа што организира „малопродажно сафари“, во рамки на кое ги води своите клиенти на тури во најдобрите светски трговски градови.

Агенцијата, на чело со Метју Браун, соработува со трговци како што се „Вестфилд“, „Маркс & Спенсер“ и „Теско“ повеќе од 10 години, помагајќи им да развијат нови концепти и да бидат информирани за актуелните иновации во секторот. Меѓу клиентите на агенцијата се и компании како „Најк“ и „Икеа“, како и гигантите од секторот стоки за широка потрошувачка – „Унилевер“, „Џонсон & Џонсон“, потоа глобални синџири на трговски центри и други.

Ако сакате да го посетите 5.FMCG Summit 2019, пријавете се тука.  




Слична содржина

@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 



Кредити до 500.000 евра за извоз и преработка на земјоделски производи

22 мај 2020

Нема полициски час од денеска

22 мај 2020

„Филип Морис ТКП“ го лансираше IQOS во земјава

22 мај 2020

Комората на сметководители обезбеди дигитален пулт за превенција од Ковид-19

22 мај 2020

Денеска се очекува одлуката за угостителите

22 мај 2020

Со маски во маркетите до крајот на 2020 година

22 мај 2020
Вчитува уште новости...