Македонија

Експресна услуга на нова локација во Струга

05 окт 2018

„Рамстор" – Македонија денес го реотвори струшкиот маркет од форматот „Рамстор експрес".

Новиот маркет, кој се простира на продажна површина од 304 м2и магацински простор од 226 м2, се наоѓа на улицата Маркс и Енгелс, бр. 34. Претходно струшкиот „Рамстор експрес", отворен во јуни 2015 година, беше лоциран на улицата „Пролетерски бригади" бр. 20.

Во новиот маркет работат 9 луѓе, а потрошувачите се услужуваат на 2 наплатни каси. Асортиманот го сочинуваат 5.000 производи од голем број трговски групи, што се најнеопходни за потрошувачите, а маркетот располага и со оддел за свежо овошје и зеленчук.

Од „Рамстор" – Македонија велат дека маркетите од форматот „Експрес" се замислени да овозможат побрзо купување на помала површина.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...