Регионални самити

Првиот FMCG-самит во Хрватска ги надмина очекувањата

21 дек 2015

FMCG-самитот кој се одржа во Загреб, на 17 ноември, во „Хипо центар", ги надмина очекувањата и ги воодушеви големиот број присутни.

Повеќе од 300 трговци, дистрибутери, производители и менаџери, со голем интерес и со внимание ги проследија темите поврзани со унапредување и со развој на трговијата со стока за широка потрошувачка.                                  

Би ја пофалил организацијата на првиот FMCG самит во Загреб и воедно би ја нагласил важноста за присуство на еден ваков настан. Ова е можност да се слушнат и да се видат бројни новости и трендови поврзани со трговијата, истакна Јуре Радош, директор за набавка во „Конзум".

Воодушевувањето не го сокрија ниту многубројните соработници кои, освен што со внимание ги слушаа говорниците, учествуваа и со свои прашања.

Навистина слушнав многу интересни информации и истражувања што сигурно ќе ги имплементираме во нашето работење, рече еден од учесниците, кој за овој настан дојде од Словенија.

Овој настан е значаен, затоа што е потребно да се гледаме, разговараме и да ги разменуваме искуствата учејќи едни од други. Особено ме радува што публиката ги впиваше информациите и соработуваше во разговорите, изјави Младен Кожиќ, менаџер за односи со клиенти во ГфК. Најголем интерес предизвикаа и двете тркалезни маси на кои учествуваа големи имиња од FMCG-секторот.

На првата тркалезна маса учествуваа Анте Јеловиќ, директор за продажба во „Адриа снек компани", Саша Коленко, член на управата на „АВТ интернационал", Марин Пуцар, претседател на управата во „Звечево", и Томислав Смолчец, директор за продажба и член на управата на „Метро кеш & кери" – Хрватска. Тие зборуваа за листинг, дистрибуција и за промоција. На втората тркалезна маса се зборуваше за можностите на локалните производители да работат глобално, а на неа учествуваа: Миодраг Боројевиќ, претседател на управата во „Пени Италија", Хелмут Антон Фензл, претседател на управата на „Шпар" – Хрватска, Звонимир Мршиќ, претседател на управата на „Подравка", и Стјепан Роглиќ, претседател на групацијата „Орбико". Модератор на втората маса беше проф. д-р Младен Ведриш.

tags:


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...