Маркетинг

Невромаркетинг: Зошто хаотичните полици ги бркаат вашите потрошувачи?

24 дек 2019

Иако привлечноста на пакувањата е важен аспект од процените на потрошувачите, тоа не е единствениот важен аспект за донесување одлуки.

Извор: www.newneuromarketing.com

Стоењето пред полица во супермаркетот понекогаш може да биде малку заморно за потрошувачот. Секој производ како да „вреска“ за внимание и за потрошувачот е многу тешко да го избере вистинскиот поради различните дизајни и големини.

Маркетарите се обидуваат да го убедат потрошувачот да ги купи нивните производи, создавајќи привлечни и интересни пакувања. Иако привлечноста на пакувањата е многу важен аспект од процените на потрошувачите, неодамнешните истражувања покажаа дека тоа не е единствениот важен аспект за донесување одлуки. Перципираната големина на производот, исто така, игра клучна улога во процесот на одлучување, особено кога потрошувачите се соочуваат со асортиман на производи што содржи многу различни димензии.

„Големите“ производи ја зголемуваат перцепцијата на вредноста, што води до поголема намера за купување. Победничка ситуација и за потрошувачот и за вас.

Како функционира тоа?

Замислете дека одите да купите некој производ. Веројатно ги скенирате полиците со поглед за производот што го барате. На тој начин доаѓаат до израз многу различни визуелни знаци кои влијаат врз вашата перцепција за производите и за нивниот амбиент.

Во хаотичен амбиент, кога полицата е премногу голема, вашето внимание ќе го привлечат производите од фокусот. Тоа негативно влијае врз едноставната обработка на информациите, што доведува до повеќе негативни реакции на вашата перцепција за привлечност и задоволство, поврзана со производите. И тоа не е единствениот ефект. Бидејќи вашето внимание ослабнува и процесот на обработка се влошува, постои помала веројатност да купите.

Принцип на невромаркетингот: Потрошувачите посветуваат помалку внимание на производи во визуелно сложен (хаотичен) амбиент, што доведува до повеќе негативни реакции.

Апликација: Проверете дали полиците на вашиот производ се организираат на визуелно едноставен (уреден) начин, со ограничување на визуелно недоследните елементи.

Да направиме тест!

Дали овој принцип на невромаркетингот ви звучи како премногу комплексен? Да се обидеме да го направиме поконкретен. Погледнете на слика 1. Имате проблем да се фокусирате на шишињата? Дефинитивно не сте единствениот.

Слика 1

Ако ја споредите хаотичната слика 1 со слика 2, веројатно ќе се чувствувате поудобно да донесете одлука додека гледате во сортирани шишиња вино. Чистиот амбиент не само што го задржува вашето внимание кон производите туку и ве спречува да го свртите вниманието кон конкурентните производи.

Производите изгледаат помали

Овој едноставен тест не само што покажува дека вниманието насочено кон производот е поголемо во соодветни ситуации туку демонстрира уште една негативна нуспојава.

Кога нашето внимание е насочено кон хаотичен амбиент, се чини дека производот е помал. За да ја процениме големината, користиме различни аспекти од амбиентот, но ако нашето внимание ослабне, потешко е да ги донесеме тие процени, кои влијаат врз перципираната големина на производите. Според нашата желба за поголеми производи, тоа потенцијално би било штетно за продажбата. Кој не сака колку што е можно повеќе за сопствените пари? „Големите“ производи ја зголемуваат перцепцијата на вредноста, што води до поголема намера за купување. Победничка ситуација и за потрошувачот и за вас.

Клучни точки:

  • Осигурете се дека вниманието не се одлева: создајте реклами или прикази на производи што се уредни.
  • Кога голем број од перципираните производи се клучни, намалете ја визуелната сложеност на амбиентот.


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...