Регионално

Драган Вучиќ: Добар и хармоничен тим секогаш победува

29 мај 2018
Драган Вучиќ, извршен директор на дистрибуциската компанија „Венера", БиХ
 
„Венера" го покрива целокупниот пазар во Босна и Херцеговина, со околу 6.000 различни продажни места на годишно ниво, или околу 4.000 месечно. Дистрибуцијата се одвива по добро разгазени, внимателно испланирани и организирани рути, на дневно, неделно и месечно ниво, со испорака на стоките во рок од 24 часа, со сопствени возила, следејќи ги желбите и потребите на потрошувачите


Разговараше: Едина Мизиќ, уредничка на InStore BiH

Компанијата „Венера" е една од водечките дистрибутивни куќи во Босна и Херцеговина, која успешно работи повеќе од 25 години. Застапник е на водечките брендови од Европа, од регионот и од Босна и Херцеговина. Седиштето на компанијата е во Бања Лука, со два дистрибутивни центри во Сараево и во Тузла. Во фокусот на политиките на компанијата постојано се вработените - повеќе од 160 „енергични, успешни и задоволни луѓе" -  ценејќи дека најважните компоненти во секоја успешна компанија се тим од задоволни вработени и работењето со тимски дух.

Уиграниот и стручен тим е препознатливост на компанијата во сите сектори - магацин, служба за фактури, логистика, аналитика, сметководство, правна служба, бренд-менаџери, маркетинг и продажба. Во синџирот на процесите секој сектор е еднакво значаен и, како што велат, врвни резултати може да донесе само работењето во хармонија, „затоа што, во оваа работа добриот и хармоничен тим секогаш победува".

„Венера" е успешен дистрибутер со богато портфолио на производи. Кажете ни кои се вашите предности?

Успех е, пред сè, што сме на врвот веќе 25 години, што можеме, воедно, да го наречеме и наша предност. Значи, нашето знаење и нашите решенија во дистрибуцијата се нешто што го препознаваат сите наши партнери, кои ни ја доверуваат дистрибуцијата на најквалитетните брендови. Секако, наша предност се и нашите вработени, еден врвно уигран тим од луѓе за кои не постојат пречки и, секако, одличните, коректни односи со нашите партнери - купувачите.

Кои брендови ги застапувате и колку труд вложувате за сè да биде изработено на врвно ниво?

Би ги набројал сите брендови со кои работиме затоа што на секој од нив му даваме исто значење и навистина се трудиме да бидеме први или на врвот, во својата категорија, а тие се: Златиборац, Књаз Милош, Aqua Viva, Guarana, Waltz, Pharmamed, Nelly, Wedel, BAG, Bakalland, Choco Garden, Kongliche Wache, Kosili, Maxima, Quicker, Quick Paw, Trivit, Тонус, Viva и други сокови и безалкохолни пијалаци.
 
Многу вложуваме во нашите вработени и во нивното усовршување и тренинзи на разни нивоа во фирмата, што го сметам за неопходно во оваа работа и, на тој начин, континуирано го унапредуваме работењето во целост

Планирате ли во претстојниот период на пазарот во БиХ да донесете уште некој бренд?

Отсекогаш сме биле иновативни и сме поставувале стандарди во некои групи производи, а би се впуштил да речам и дека некои „големи" брендови од регионот ги направивме големи и во БиХ, применувајќи ги нашите техники и „ноу хау" и, како такви, сме секогаш првата адреса на која се обраќаат новите, потенцијални снабдувачи, но засега тоа нека остане изненадување.

Каде се вашите дистрибутивни центри и колкав е нивниот капацитет?

Имаме дистрибутивни центри во Бања Лука, Сараево и во Тузла, секој со складиштен капацитет од околу 7.000 квадратни метри и со „студен режим".

Колкава територија покривате, колку често ги посетувате купувачите и колку купувачи имате?

Го покриваме целокупниот пазар на Босна и Херцеговина, со околу 60.000 продажни места на годишно ниво, односно околу 4.000 месечно. Дистрибуцијата се одвива по добро разгазени, внимателно испланирани и организирани рути, на дневно, неделно и месечно ниво, со испорака на стоките во рок од 24 часа, со сопствени возила, со флота од повеќе од 100 возила.

Какви се трендовите на пазарот во БиХ и каква е во моментов улогата на дистрибутерите?

Трендовите, во споредба со претходната година, значително се менуваат, но и понатаму сме пазар кој е поделен на традиционални (ТТ) и на модерни модели на трговија (МТ), кој се движи кон организиран пазар, но на кој сè уште е голема улогата на ТТ-каналот. Имаме потрошувачи што денес се можеби најчувствителни на цената и тоа е значително изразено во секоја категорија од групите производи со кои работиме, и ние, и другите дистрибутивни куќи. Улогата на дистрибутерот сè уште е важна затоа што дистрибутерите во БиХ не се само некој што ги доставува или дистрибуира стоките, туку и некој што води целосна грижа за нив, од поставување на полиците до сугерирање цени на партнерите-купувачи итн.

Во денешно време мора да се размислува и однапред да се реагира за да се задржи конкурентноста и да се остварат поставените цели. Подготвувате ли некакви новитети?

Секогаш ги следиме желбите и навиките на потрошувачите и реагираме многу брзо кога станува збор за новитетите, а во сето тоа нè следат и нашите долгогодишни партнери - снабдувачите, кои, исто така, размислуваат еден чекор понапред и ги следат светските трендови, лансирајќи нови, иновативни производи.
 
Генерирањето „бура од идеи" на неделно ниво со сите вработени, вклучувајќи ги и сопствениците на компанијата, секогаш раѓа нови идеи и изнаоѓа решенија за постојниот предизвик или проблем.

Што е тоа што го сметате за ваша конкурентска предност?

Тоа се, секако, знаењето и искуството, но и нашето портфолио на производи што им го нудиме на нашите потрошувачи - една широка лепеза врвни производи со најдобар сооднос на цените во однос на квалитетот.

Како го одржувате квалитетот на вашето работење и на кој начин постигнувате континуиран пораст, на релативно мал и, за жал, неуреден пазар во БиХ?

Многу вложуваме во нашите вработени и во нивното усовршување и тренинзи на разни нивоа во фирмата, што го сметам за неопходно во оваа работа и, на тој начин, континуирано го унапредуваме работењето во целост. Генерирањето „бура од идеи" на неделно ниво со сите вработени, вклучувајќи ги и сопствениците на компанијата, секогаш раѓа нови идеи и изнаоѓа решенија за постојниот предизвик или проблем.

Дали сте задоволни од работењето во годината што е зад нас?

Многу сме задоволни со претходната деловна година. Го одржавме континуираниот пораст што го имавме во сите претходни години, потпишавме некои нови договори, на кои сме многу горди, на пример, со нашите домашни брендови Pharmamed и Bosnet, кои на нашиот пазар се лидери во своите категории. Со сето тоа, во 2018 година влеговме, искрено да кажам, посилни од кога било и имаме големи очекувања. Почетокот на годината веќе покажува дека биле оправдано големи и тоа нè радува.

Каде го гледате, денес, вашиот најголем потенцијал и какви се вашите идни планови?

Секако, ќе ги развиваме брендовите со кои работиме, тие што се лидери - да го задржат лидерството, а тие што се стремат кон тоа, да ги направиме лидери. Секако, заедно со нашите партнери-снабдувачи и купувачи и со нашите вработени, пред сè, со знаење и со срце, како што го прави тоа „Венера" и како што вели нашиот слоган: „Со срце со Вас!" (Srcem uz Vas!). 



 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...