Свет

„Нестле“од март ќе лансира растителни колбаси на европскиот пазар

21 јан 2020

Од март годинава, швајцарскиот концерн „Нестле“ на европскиот пазар ќе претстави растителни колбаси. Тие ќе изгледаат слично и ќе имаат сличен вкус како класичните колбаси од месо

Производот, за кој од „Нестле“ велат дека ќе се пече на ист начин како другите колбаси, ќе биде достапен на избрани европски пазари-првично во Австрија, Белгија, Германија, Швајцарија, Холандија, Норвешка и Шведска. 

Купувачот не треба да се грижи за вкусот и за текстурата. Производот е сочен и може да се подготвува на различни начини - на скара, во рерна или во тавче, соопштија од „Нестле“. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...