Свет

„Кока кола“ одбележува 100 години од излегување на берза

11 дек 2019

Акциите на компанијата „Кока кола“ за првпат се појавија на јавна понуда во 1919 година, откако Аса Кандлер ја продаде компанијата на Ернест Вудруф и неговите деловни партнери. „Кока кола“ овие денови одбележува 100-ти роденден откако нивни акции за првпат се појавија на берза.

За да соберат средства за раст на компанијата, тие понудија 500.000 акции на јавноста по цена од 40 долари. Во 1919 година, „Кока кола“ се продаваше на само шест пазари надвор од континенталниот дел на САД. Денес е присутна во повеќе од 200 земји.

Coca-Cola беше единствен производ на „Кока кола“ со децении, но со текот на времето нејзиниот опсег се прошири и сега има повеќе од 500 различни производи, вклучувајќи кафе, спортски пијалоци, сокови, чај...

Во исто време кога компанијата растеше, растеше и нејзината вредност. Почетната акција од 40 долари со реинвестирана дивиденда денес би вредела повеќе од 18 милиони американски долари, или дури 450.000 пати повеќе од првичната вредност.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...