Свет

„Алди“ ја шири својата мрежа во Италија и во Швајцарија

14 окт 2019

Германскиот дисконтер „Алди“ планира во Италија да отвори 80 нови продажни места и голем логистички центар. 

Новите објекти ќе бидат готови до крајот на оваа година, на површина 600-800 квадратни метри. Од компанијата најавија дека на купувачите ќе им понудат 75 отсто производи од асортиманот на домашни производители. 

Минатата година „Алди“ го отвори својот прв маркет во Италија. Оттогаш отвори уште 65 маркети во повеќе региони во државата. 

Ширењето на мрежата на „Алди“ ќе ја опфати и Швајцарија, каде трговецот најави отворање на 300 маркети во следните десет години. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...