Свет

Милијардерот Џек Ма се повлече од „Алибаба“

10 сеп 2019

Милијардерот Џек Ма, кој воведе електронска трговија во Кина, денеска официјално се повлече од местото извршен претседател на „Алибаба“.

Тој си заминува од функцијата по две децении и откако создаде бизнис вреден 460 милијарди долари.

Ма претходно најави дека ќе се посвети на филантропијата, а на местото извршен претседател ќе го замени досегашниот извршен директор на „Алибаба“, Данијел Чанг.

Заминувањето во пензија Ма ќе го одбележи со голема прослава во градот Хангџо, каде што се наоѓа седиштето на „Алибаба“.

Ма во 2014 година ја формира „Џек Ма фондацијата“ истакнувајќи оти за добротворната работа инспирација му е „Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



„Севн & ај“ ги купи бензинските станици „Спидвеј“

31 јул 2020

СТО: Пад од 13 отсто на глобалната трговија во 2020 година

31 јул 2020

„Лидл“ го реструктурира одделот за набавки

31 јул 2020

Уделот на е-трговијата во В. Британија достигна до 13%

31 јул 2020

„Амазон“ ќе отвори 30 физички продавници во Велика Британија

31 јул 2020

„Севн & ај“ ги презема „Спидвеј“ за 18 милијарди евра

31 јул 2020
Вчитува уште новости...