Свет

Озѓур Торт,извршен директор на „Мигрос“, ќе ја води светската малопродажба

21 јун 2019

Озѓур Торт, извршен директор на „Мигрос“ групацијата (мајка компанија на „Рамстор“) стана претседател на светската малопродажба на Форумот за потрошувачки добра-CGF.

Управниот одбор на CGF, составен од 27 водечки трговци во светот и светските претседатели на 26 производни компании, го водат двајца ко-претседавачи: едниот го претставува малопродажниот сектор, а другиот производните компании.

Во оваа нова ера на глобалниот малопродажен сектор, соработката со трговците на мало, производителите, владините организации, универзитетите, невладините организации и дигиталните платформи, односно делувањето заедно е клучно за зајакнување на нашиот сектор. Како CGF, во наредниот период  ќе се сконцентрираме на овие заеднички напори кои ќе ја обликуваат иднината на малопродажбата и директно ќе влијаеме врз животот на потрошувачите со резултатите кои ќе бидат очигледни, изјави Торт.

Прометот што го остваруваат компаниите - членки на Форумот за потрошувачки добра, кој во своите редови има 400 трговци, производители и даватели на услуги од 70 земји во светот, надминува 3,5 трилиони евра. Управниот одбор на CGF, кој има влијание врз 90 милиони луѓе со вработување и индиректни можности за работа кои ги создава, се состои од генералните директори на 27 водечки светски малопродажни компании и на 26 компании за производство. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...