Свет

„Амазон“ е највреден бренд во светот

12 јун 2019

Американската компанија „Амазон“ е највреден бренд во светот со проценета вредност од 315, 5 милијарди долари, со што ги претекна „Епл“ и „Гугл“, покажа најновото рангирање на глобалните брендови на листата „Брандс Топ 100“, која го спроведува истражувачката агенција „Кантар“.

Податокот покажува дека вредноста на брендот „Амазон“ е зголемена дури за 52 отсто во споредба со минатата година. 

„Епл“ се најде на второ место, со проценета вредност од 309,5 милијарди долари. „Гугл“ е на трето место, со вредност од 309 милијарди долари.

„Гугл“ и „Епл“ менувајќи си ги позициите поминаа 12 години на врвот на листата. 

На четврто место се најде „Мајкрософт“ со вредност ос 251,2 милијарди долари, компанијата „Виза“ со 177,9 милиони долари е на петтото место. Во првите десет се и „Фејсбук“ со 159 милиони долари, „Алибаба“ со 131,2 милијарди долари и „Мекдоналдс“ со 130,4 милиони долари. 




Слична содржина

@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 



Лоша година за производителите на пенливи вина

28 мај 2020

„Алибаба“ бара најмалку 100.000 инфлуенсери

28 мај 2020

„Казино“ планира да отвори уште 300 продавници

28 мај 2020

„Алди зид“ тестира нови стакленици

28 мај 2020

„О’кеј“ купи хипермаркет од „Х5 ритеил“

28 мај 2020

Италија: Половина милион без работа поради коронавирусот

28 мај 2020
Вчитува уште новости...