Извор: www.fao.org
Индексот на цените на храната* во април годинава во просек изнесуваше 170 поени, за 1,5% повисок во споредба со претходниот месец, со што ја достигна највисока вредност од јуни 2018 година.
На ова ниво, индексот е сепак за 2,3% понизок во споредба со април 2018 година. Освен намалувањето на цените на житните култури, сите други подиндекси минатиот месец се зацврстија.
* За разлика од другите групи, поголемиот дел од цените што се користат за пресметка на индексот на цените на месото не се достапни кога се пресметува и се објавува овој извештај. Вредноста на индексот на цените на месото е изведена од комбинација на проектираните и на забележаните цени.
Индексот на цените на храната на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) ја мери месечната промена на меѓународните цени на потрошувачката кошница. Тој се состои од просекот на индексите на цените на петте групи прехранбени производи, пондерирани со просечните извозни удели на секоја од групите.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.