Свет

Германците лани првпат повеќе користеле картички отколку кеш

09 мај 2019

Германските потрошувачи во 2018 година првпат повеќе плаќале со кредитни и дебитни картички отколку со готовина, покажува истражување на германскиот институт за малопродажба ЕХИ.

Во најголемата европска економија готовината традиционално била главно платежно средство во трансакции кои се вршат на продажно место. Но, дека таквиот тренд се менува покажа и најновото истражување што го спроведе институтот. 

Германците за плаќање со готовина лани потрошиле речиси 208 милијарди евра, додека за плаќање со картичка околу 209 милијарди евра. Тоа значи дека плаќањето со картичка е за една милијарда повисоко од она со кеш. 

Челникот на институтот, Хорст Руетер, овој пресврт го припишува на бесконтактното плаќање. Според него, тоа е усвоено многу полесно отколку што очекуваа и оптимистите. Руетер додава дека таквиот начин на плаќање често се користи и за плаќање прилично мали износи. 

Другите експерти не се премногу сигурни дека Германците ќе се откажат од плаќањето со готовина. Германците се љубители на готовината и такви и ќе останат, велат од  „Бостон консалтинг групa“

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 



Слична содржина

@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 



„Лидл“ ќе го зголеми бројот на научници за 40%

23 мај 2020

Виножито-пица за поддршка на здравствените работници

23 мај 2020

На ирските пабови им се заканува банкрот

23 мај 2020

Коронавирус во фабрика за месо во Холандија

23 мај 2020

„Лидл“ отвори нова продавница во Загреб

23 мај 2020

Почина Брајан Шароф, претседател на ПЛМА

23 мај 2020
Вчитува уште новости...