Свет

„Хајнекен“ ја зголеми продажбата во сите региони освен во Мексико

30 апр 2019

Холандскиот производител на пиво „Хајнекен“ во првиот квартал од годинава ја зголеми продажбата на сите пазари освен во Мексико, каде компанијата ги намали маркетиншките активности. 

Во периодот од јануари до март, нето добивката на компанијата е зголемена за 15 отсто, на 299 милиони евра, покажува прелиминарниот извештај. 

Консолидираниот обем на продажба порасна 4,3 отсто, односно на 52,7 милиони хектолитри. 

„Хајнекен“ оствари добри резултати и во Африка, на Блискиот Исток и во источна Европа, вклучувајќи ги Русија, Египет, Етиопија, Јужноафриканската Република и Нигерија, која е најголем африкански пазар. Пад на продажбата беше забележан во САД и во Полска. 

Во компанијата очекуваат зголемување на оперативната добивка за оваа година за 4 до 6 отсто. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...