IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Петок, 21.09.2018 || Кроасаните 4U добија интернационален сертификат   |  „Метро“ најави продажба на хипермаркетите „Реал“  |  Македонија со национален штанд на најголемиот прехранбен самит во ЈИЕ   |  „Фонтера“ првпат работи со загуби   |  Сарај доби „Coca-Cola Aктивна зона“   |  Кочанскиот ориз не е со ГМО   |  „Витаминка“ изложува на саемот Worldfood Москва 2018   |  „Бовин“ прослави две децении постоење   |  „Бимилк“ му даде нов лик на Тумбе Кафе во Битола   |  „Лесковачка скара“ само со дозвола   |  „Бучен Козјак“ се редизајнираше – производите со нови дизајни веќе се на полица  |  Пивото ќе поскапи од 2019 година  |  Нова мобилна апликација на „Рамстор“   |  За три месеци одземени половина тон лажен мед   |  Нема потврда од науката дека ГМО се штетни   |  Расте извозот на српските кекси и вафли   |  „Витаминка“ кечапот во нова подобрена амбалажа   |  Еко -акција на „Пивара Скопје“, „Пакомак“ и Холандска амбасада   |  „Крофните од Хром“ станаа трговска марка   |  Хрватска ќе избира „најдобар производ на годината“ за 2019-та  |   ||
   

Македонија: Ќебапи и плескавици со пилешко се продавале како свински и говедски

09.08.2018
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во маркети низ Македонија открила мелено месо за ќебапи и плескавици со пилешко кое било декларирано како свинско, говедско или мешано (говедско и свинско).
Месото е повлечено од продажба, а операторите со храна се парично казнети – со по 5.000 евра како правен субјект, односно со по 1.700 евра одговорните лица во компанијата.

Контролите биле спроведени во мај годинава. Кај пет оператори со храна е утврдено дека не ја декларираат употребата на живинско месо, а го ставаат во ќебапи или плескавици. Направени се контроли директно во маркетите, а од резултатите од ДНК анализата за потеклото, било потврдено дека во тие производи е употребено живинско месо.

Испитувањето е повторено уште еднаш, директно од производствената линија, од каде резултатите го докажале истото.

Првите контроли ги направивме во маркетите и поголемите продажни места зашто се со повисок степен на ризик поради масовната продажба. Сега одиме понатаму, кон операторите. Но, веќе сите знаат дека вршиме контроли. Тоа го покажаа и последните анализи во кои нема никакви показатели за вакви малверзации, објасни директорот на АХВ Зоран Атанасов

Тој напомена дека е сменет начинот на земање мостри. Прво, како што рече, се прават проверки во продажба, а потоа кај операторот.

Порано се земаа производи директно од кај операторот и се носеа во лабораторија, а сега, може да произведувате во Скопје, ама производот да го провериме во маркет во Гевгелија, потенцира Атанасов.

Осврнувајќи се на она што Агенцијата го сработи изминатиов период во делот контроли, Атанасов информира дека е утврдена и спречена и друга манипулација – продавање механички обработено пилешко месо декларирано како мелено. Месото било увезено од Грција.

Станува збор за механички обработеното месо познато како МОМ кое спаѓа во најризичната категорија доколку термички не се обработи и е најевтино, при што се вршела злоупотреба. На етикетата, наместо да стои МОМ, пишувло „живинско мелено месо".

Исто така, откриени се и производи во кои има масти од растително потекло, а не се декларирани. Тие призводи се повлечени од продажба, а операторот е соодветно санкциониран.



Назад
 
 
 
 
back to top