IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Четврток, 21.06.2018 || „Крафт-Хајнц“ го продава Complan?  |  Отворена е 100. „Бипа“  |  „Кока-кола“ го проширува погонот во Унгарија  |  „Прилепска пиварница“ донира за Центрите за аутизам  |  „Збербанк“ ќе биде сопственик на 39,2% од „Агрокор“  |  „НТ Болеро“ отвори погон за преработка на овошје во Топола  |  „Шпар“ го отвори првиот супермаркет во Малта  |  Нови можности за квалитетните македонските вина   |  „Мегле“ почнува со дигитален процес на откуп  |  „Млекара Здравје“ се закити со 5 златни ѕвезди   |  „Нектар“ со линија за иновативни пакувања  |  „Слатка куќа“ на улица Македонија  |  „Тинекс“ со поддршка за ранливите групи  |  Tip of the Week® на англиски јазик  |  „Барила“ ќе вложи милијарда евра за одржливо работење  |  „Теско“ ја објави добивката од приватните марки  |  Успешно одржан првиот FMCG-самит во Љубљана  |  Најдобар HR менаџер e Eлизабета Мирчевска  |  „Генеза“ отвори нов погон  |  Попусти за корисниците на „Амазон прајм“ во „Хол фудс“  |   ||
   

Македонија: Зголемени трошоците за живот и малопродажните цени на годишно ниво

11.01.2018
Трошоците на живот минатата година се зголемиле за 1,4%, а цените на мало за 3,2% во споредба со претходната 2016 година, покажува индексот на трошоците за живот на Државниот завод за статистика.

Според статистиката, трошоците за живот лани во декември се зголемиле за 0,1% во однос на претходниот месец, а цените на мало за 0,4%.

Пораст на трошоците на живот мината година е забележан во групите: комуникации, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици, транспорт, ресторани и хотели, облека и обувки, рекреација и култура, мебел, покуќнина и одржување на покуќнината, храна и безалкохолни пијалаци. Намалување е забележано во групите: здравје и други стоки и услуги (0,6%), образование (0,3%), домување, вода, електрика, гас и други горива (0,2%). Малопродажните цени забележале пораст во групите: услуги (5,5%), индустриско-непрехранбени производи (2,3%), земјоделски производи (0,9%) и индустриско-прехранбени производи (0,8%). Групата пијалаци е на ниво од претходната година.

Трошоците на живот лани во декември во споредба со истиот месец од 2016 година се зголемиле за 2,4%, а цените на мало за 4,9%.

Порастот на трошоците на живот во декември 2017 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на повисоките цени на компирот (1,8%), јајцата (1%), сирењето, урдата, маслото и маснотиите (0,7%), оризот (0,6%), другите прехранбени производи (0,4%), трбушките, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук (0,2%). Намалување во декември 2017 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за (2%), брашното и другите жита (0,7%), рибата и морските плодови (0,5%), свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови (0,4%), безалкохолните пијалаци (0,3%), другите пекарски производи, сувото овошје и јаткастите производи (0,2%).



Назад
 
 
 
 
back to top