IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Четврток, 21.06.2018 || „Крафт-Хајнц“ го продава Complan?  |  Отворена е 100. „Бипа“  |  „Кока-кола“ го проширува погонот во Унгарија  |  „Прилепска пиварница“ донира за Центрите за аутизам  |  „Збербанк“ ќе биде сопственик на 39,2% од „Агрокор“  |  „НТ Болеро“ отвори погон за преработка на овошје во Топола  |  „Шпар“ го отвори првиот супермаркет во Малта  |  Нови можности за квалитетните македонските вина   |  „Мегле“ почнува со дигитален процес на откуп  |  „Млекара Здравје“ се закити со 5 златни ѕвезди   |  „Нектар“ со линија за иновативни пакувања  |  „Слатка куќа“ на улица Македонија  |  „Тинекс“ со поддршка за ранливите групи  |  Tip of the Week® на англиски јазик  |  „Барила“ ќе вложи милијарда евра за одржливо работење  |  „Теско“ ја објави добивката од приватните марки  |  Успешно одржан првиот FMCG-самит во Љубљана  |  Најдобар HR менаџер e Eлизабета Мирчевска  |  „Генеза“ отвори нов погон  |  Попусти за корисниците на „Амазон прајм“ во „Хол фудс“  |   ||
   

Македонија: Злато и сребро за македонските вина на „Мундус вини“

10.03.2016

На еден од најпрестижните светски натпревари за вино – „Мундус вини", кој по 18. пат се одржа во Германија, вината на „Тиквеш" освоија три златни и два сребрени медали, а „Камник" освои еден златен медал.

На големиот интернационален вински натпревар, златни медали освоија Domaine Lepovo Chardonnay 2015, Lepovo Grand Cuvée 2013 и Special Selection Cabernet Franc 2015 на „Тиквеш", додека Temjanika Special Selection 2015 и Alexandria Cuvee Rose 2015 од истата винарница, добија сребрени медали.

Ten Barrels Syrah Reserva 2013 на „Камник" се закити со еден златен медал.

Меѓународното жири, кое годинава беше составено од 160 судии-дегустатори од 36 земји, имаше задача да ги избере најдобрите вина од конкуренција, сочинета од повеќе од 5.000 квалитетни вина од 149 вински региони од целиот свет.

Натпреварот „Мундус вини" се одржува под патронат и според правилата на Меѓународната организација за вино и Mеѓународната унија на енолози.


Назад
 
 
 
 
back to top