IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 20.08.2018 || „Хенкел“ оствари добри резултати во вториот квартал годинава  |  ДИС отвори два маркета во Параќин  |  Законот за петокраката може да го забрани Heineken  |  „Констелејшн брендс“ вложува 5 милијарди долари во марихуана  |  Скопско ги враќа маалските дружби во Карпош  |  Нов начин на пакување на бананите  |  Наскоро ќе се знае судбината на „Равница“  |  Во Србија храната се купува на одложено  |  „Унилевер“ има нов логистички партнер  |  Реновиран „Рамстор“ во Ново Лисиче  |  „Шпар“ ќе отвори уште 80 објекти  |  Успешно прво полугодие за „Баерсдорф“  |  Осмислена првата паметна кошница за мед  |  ЕУ одобри извоз на млеко од БиХ  |  Спорните соини шницли на „Виталиа“ содржат ГМО  |  За домашната ракија ќе се плаќа акциза  |  „Лидл“ го намалува прехранбениот отпад  |  Ќебапи и плескавици со пилешко се продавале како свински и говедски  |  ГМО во сојата на „Виталиа“ и во кочански ориз  |  Нови награди за македонските вина  |   ||
   

Јапонија: „Волмарт“ се повлекува од јапонскиот пазар

19.07.2018

Американскиот трговец „Волмарт" планира да го продаде уделот во јапонскиот трговски синџир „Сеју", пренесува финансискиот весник „Никеи".

Како што се неведува, одлуката е сосема логична ако се има предвид сè поголемото влијание на е-трговците, особено на „Амазон". Во таа насока, најголемиот трговец на светот веќе стапил во контакт со некои јапонски малопродажни синџири и фондови. Продажбата на деловните операции во „Сеју" се очекува да изнесува од 300 до 500 милијарди јени (од 2,27 до 3,79 милијарди евра).

Излегувањето на малопродажниот гигант би бил најголемиот потрес на јапонскиот пазар, по аквизицијата на „Уни холдингс" со „Фемили март" во 2016 година. Претходно, работењето во оваа азиска држава не била исплатлива ниту за „Карфур", кој се повлече во 2005 година, како ни за „Теско", кој го напушти јапонскиот пазар во 2011 година.

По повлекувањето на „Волмарт" од Јапонија, се очекува трговецот да се фокусира на Кина и на Индија.


Назад
 

 
 
 
back to top