IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Четврток, 21.06.2018 || „Крафт-Хајнц“ го продава Complan?  |  Отворена е 100. „Бипа“  |  „Кока-кола“ го проширува погонот во Унгарија  |  „Прилепска пиварница“ донира за Центрите за аутизам  |  „Збербанк“ ќе биде сопственик на 39,2% од „Агрокор“  |  „НТ Болеро“ отвори погон за преработка на овошје во Топола  |  „Шпар“ го отвори првиот супермаркет во Малта  |  Нови можности за квалитетните македонските вина   |  „Мегле“ почнува со дигитален процес на откуп  |  „Млекара Здравје“ се закити со 5 златни ѕвезди   |  „Нектар“ со линија за иновативни пакувања  |  „Слатка куќа“ на улица Македонија  |  „Тинекс“ со поддршка за ранливите групи  |  Tip of the Week® на англиски јазик  |  „Барила“ ќе вложи милијарда евра за одржливо работење  |  „Теско“ ја објави добивката од приватните марки  |  Успешно одржан првиот FMCG-самит во Љубљана  |  Најдобар HR менаџер e Eлизабета Мирчевска  |  „Генеза“ отвори нов погон  |  Попусти за корисниците на „Амазон прајм“ во „Хол фудс“  |   ||
   

САД: „Волмарт“ ја подигна старосната граница за купување оружје

05.03.2018

Американскиот трговски синџир „Волмарт" извести дека ја зголеми старосната граница за купување на огнено оружје и муниција на 21 година.

Асортиманот на оружје е тргнато од интернет-страницата, вклучувајќи ги и несмртоносните воздушни пушки и играчки, се наведува во соопштението, кое трговецот го објави минатата недела.

Неодамнешниот масакр во средното училиште во Паркленд, Флорида, во кој 19-годишно момче уби 14 ученици и 3 наставници, повторно ја актуелизираше темата за контрола на продажбата на оружје во Соединетите Држави. Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека сериозно ќе ги разгледа законските прописи што ја ограничуваат продажбата на луѓе под 21 година. Засега, и 18-годишници може да купат многу видови оружје.

Републиканците во Конгресот, кои ги контролираат двата дома, покажуваат мал интерес за таа мерка, пренесува „Ројтерс".


Назад
 
 
 
 
back to top