IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Петок, 19.10.2018 || Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |  Расте добивката на „ПепсиКо“   |  „Нестле“ е заинтересиран да купи бренд за минерална вода  |  Германските трговци продаваат преку интернет   |  Нов „Стокомак“ во Тетово  |  Експресна услуга на нова локација во Струга  |   Увозот на храна расте побрзо од извозот   |  Во септември пад на светските цени на храната   |  „Фуд стар“ ќе извезува пилешко месо во Кина   |   ||
   

Македонија: „Виталиа“ ќе вработува ученици по нивното матурирање

08.05.2018

„Виталиа" потпиша меморандум за соработка со средното електротехничко училиште „Михајло Пупин", со што го поддржа воведувањето на дуалното образование во Македонија.

Дуалното образование подразбира креирање на наставни планови соодветни на потребите на пазарот, преку кои учениците се стекнуваат со вештини за полесно вработување.

57 матуранти од 80 ученици ќе имаат можност да учат по наставна програма, која е профилирана за потребите на шест компании во Македонија, а по завршувањето на образованието, компаниите на учениците им гарантираат вработување. Една од шесте компании што ќе вложат во иднината и професионалните кариери на матурантите, чиј избор ќе биде ова стручно училиште и посебните програми, е и „Виталиа".

Ни претставува голема радост што ќе имаме можност да ги поддржиме овие млади луѓе во нивниот образовен процес и професионално обликување. Се надеваме дека и за нив оваа соработка ќе биде мотивација да вложуваат во својот професионален развој, сметајќи на сигурноста понудена од нашата компанија, изјави Искра Ветаџокоска-Муцунска, ко-сопственик на „Виталиа".


Назад
 
 
 
 
back to top