IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 14.08.2018 || Успешно прво полугодие за „Баерсдорф“  |  Осмислена првата паметна кошница за мед  |  ЕУ одобри извоз на млеко од БиХ  |  Спорните соини шницли на „Виталиа“ содржат ГМО  |  За домашната ракија ќе се плаќа акциза  |  „Лидл“ го намалува прехранбениот отпад  |  Ќебапи и плескавици со пилешко се продавале како свински и говедски  |  ГМО во сојата на „Виталиа“ и во кочански ориз  |  Нови награди за македонските вина  |  „Нели“ ќе произведува бонбониера Azbuka  |  АВТ нов дистрибутер на „Вернер & Мерц“  |  Директорката на „Пепсико“ се повлекува од функцијата  |  Ново кисело млеко на „Бимилк“  |  Македонија на 28. место во светот по извоз на вино  |  Компанијата „13. јул-Плантаже“ ги зголеми приходите  |  „Хајнекен“ купува дел од најголемиот кинески производител на пиво  |  Руски „Светофор“ влегува во Романија  |  Промена во Управниот одбор на „Жито лукс“  |  Супер-колачите на „Виталиа“ со Брајова азбука  |  Групацијата „Реве“ бара нови партнери  |   ||
   

Велика Британија: Вегански производи во сите супермаркети „Веитрос“

07.06.2018

Британскиот синџир супермаркети „Веитрос" лансираше специјализирани острови за веганска храна во сите свои продавници, на целата територија на Обединетото кралство.

 

Истовремено со воведувањето на новиот оддел во супермаркетите, компанијата ја прошири својата понуда и со 50 нови производи со растително потекло, од десетина нови брендови.

Асортиманот опфаќа пити, супи, веганска замена за месо и сирење, вегански тестенини, готови јадења, чоколади и слатки и солени грицки.

Новата секција, како што информираат од „Веитрос", била создадена како одговор на барањата на купувачите.

Нашиот досегашен избор од производи се продаваше навистина добро, со растечка побарувачка од недела во недела. Со сè почестите барања одкупувачите и од нашите партнери за поголем избор, стана јасно дека има простор да ја зголемиме понудата од вегетаријански и вегански производи во нашите продавници, вели Кло Грејвис, менаџер за вегански и вегетаријански производи во „Веитрос".


Назад
 
 
 
 
back to top