IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 27.05.2018 || Hina products се закити со 4 златни медали  |  Тринаесет студенти примени во програмата „Меркатор-С“  |  Скопско Нефилтрирано, ново пиво од „Пивара Скопје“  |  Мора да се вложува во истражувања и во развој  |  Рекордни 15 награди за „Тиквеш“ во Лондон  |  Нов концепт - „Куќа хемије ексклузив“  |  Едукативен и инспиративен ден за паметење  |  Утре се одржува 4. FMCG Summit Скопје 2018  |  „Игло“ ја зголеми продажбата за 15%  |  Ванилата поскапа од среброто  |  Нова инвестиција на „Даути комерц“  |  Потрошувачите ги избраа производите на годината  |  „Хенкел“ останува посветен на продолжување на порастот  |  Цените на индустриските производи пониски на месечно, повисоки на годишно ниво  |  Решенија за поефикасно и поефективно работење  |  Преработувачите очекуваат поголема конкурентност на домашниот пазар  |  „Монделез“ го презема „Тејтс бејк шоп“  |  „Нестле“ ќе го продава кафето на „Старбакс“  |  Плаќање со мобилен телефон во „Меркатор“   |  Се укинуваат временските ограничувања за продажба на алкохол  |   ||
   

Свет: Ванилата поскапа од среброто

15.05.2018

Цените на ванилата во последните две години достигнаа рекордна вредност, така што овој популарен зачин во моментов е поскап од среброто.

Килограм ванила чини 600 американски долари, што е повеќе отколку што чини килограм сребро, пишува Би-Би-Си. Поради тој пораст на цената, производителите на сладолед се присилени да го прекратат производството на сладолед од ванила.

Повеќе од 75% ванила се одгледува на Мадагаскар, а главната причина за порастот на цените е минатогодишниот циклон, кој уништи многу плантажи. Освен тоа, оваа култура и тешко се одгледува.

И покрај надежта дека цените ќе престанат да се зголемуваат, тие и понатаму се многу високи, бидејќи и побарувачката е голема, вели аналитичарот на пазарот Џилијан Гејл.

Освен во сладоледот, ванилата е важна состојка за различни слатки, алкохолни пијалаци, козметика и парфеми. Цената на ванилата во прав е трипати повисока. Правот настанува со мелење на мешунките, кои претходно се користат за добивање екстракт, а го купуваат производителите на храна.


Назад
 

 
 
 
back to top