IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 20.08.2018 || „Хенкел“ оствари добри резултати во вториот квартал годинава  |  ДИС отвори два маркета во Параќин  |  Законот за петокраката може да го забрани Heineken  |  „Констелејшн брендс“ вложува 5 милијарди долари во марихуана  |  Скопско ги враќа маалските дружби во Карпош  |  Нов начин на пакување на бананите  |  Наскоро ќе се знае судбината на „Равница“  |  Во Србија храната се купува на одложено  |  „Унилевер“ има нов логистички партнер  |  Реновиран „Рамстор“ во Ново Лисиче  |  „Шпар“ ќе отвори уште 80 објекти  |  Успешно прво полугодие за „Баерсдорф“  |  Осмислена првата паметна кошница за мед  |  ЕУ одобри извоз на млеко од БиХ  |  Спорните соини шницли на „Виталиа“ содржат ГМО  |  За домашната ракија ќе се плаќа акциза  |  „Лидл“ го намалува прехранбениот отпад  |  Ќебапи и плескавици со пилешко се продавале како свински и говедски  |  ГМО во сојата на „Виталиа“ и во кочански ориз  |  Нови награди за македонските вина  |   ||
   

Македонија: Владимир Косијер нов генерален директор на „Пивара Скопје“

17.04.2018

Владимир Косијер, менаџер за продажба на групацијата „Кока-кола ХБЦ" за пазарите на Украина и Молдавија е новиот генерален директор на „Пивара Скопје", кој ќе стапи на должноста од 1 мај, соопшти компанијата.

Косијер се придружил на тимот на „Кока-кола ХБЦ" пред 16 години, во Србија, а како дел од групацијата работел на сите скалила во комецијалниот сектор и учествувал во многубројни проекти.

Компанијата има одлична репутација во Групацијата, како резултат на нејзините успеси и значење за зедницата и секако, нејзините луѓе. Верувам дека со моето искуство ќе придонесам кон натамошниот одржлив развој на компанијата и на натмошните вложувања во сите сегменти што го поттикнуваат тој развој, почнувајќи од нашиот тим, довербата на купувачите и потрошувачите во нашите брендови и секако во заедницата, оценува Косијер во првата изјава по соопштувањето на одлуката.

Косијер доаѓа на местото на Јован Радосављевиќ, кој е унапреден на позицијата генрален директор за операции на групацијата „Кока-кола ХБЦ" во Романија. Од компанијата појаснуваат дека станува збор за редовна организациска промена во рамките на групацијата, а работењето на Радосављевиќ се оценува како исклучително успешно, компанијата остварила рекордни резултати во продажбата.


Назад
 
 
 
 
back to top