IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Четврток, 15.11.2018 || „Виталиа“ продава и во Бангладеш   |  „Нектар“ и „Нелт“ се здружија во Србија   |  „Старбакс“ ќе отвори уште 2.100 ресторани ширум светот  |  „Жито маркети“ прослави 30 години   |  „Дм дрогерие маркт“ забележа двоцифрен раст   |  „Розе“ во „Вашингтон пост“   |  „Виолета“ ја разубави скопска Гинекологија   |  Vincinni извезува во Јужна Кореја   |  Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |   ||
   

Македонија: „Ука Комерц“ доби награда во Сараево

01.10.2018
Компанијата „УКА Комерц" ја доби наградата 2018 Visitor choice Award for BEST Booth во избор на посетителите на меѓународниот саем за халал индустрија кој се одржа во Сараево. Наградени беа поединци и компании кои придонеле за развојот на халал индустријата во регионот. 

„Ука Комерц" ја доби наградата за најдобар штанд, по избор на публиката и посетителите. 

Во ова е вклучена цела екипа. Со работа може сѐ да се постигне. Халал сертификатот е многу важен бидејќи луѓето сега знаат што е халал. Халал не е само важен  во верска смисла, туку значи здрава и чиста храна", изјави Адем Абази, директор на „Ука Комерц". 

Наградата за најголем број халал сертификувани производи, повеќе од 900, беше доделена на „АС Холдинг". Добитници на наградата за исклучителен придонес во развојот на халал индустријата во Босна и Херцеговина (БиХ) се Мидхат Јашиќ, Амир Сакиќ и Институтот за стандардизација на БиХ. Наградата за исклучителен придонес за развој на халал индустријата во регионот, со исклучок на БиХ, ја доби претседателот на Мешихатот на Исламската заедница во Хрватска, муфтијата Азиз ефенди Хасановиќ.

„СХФ 2018", организиран од „Bosna Bank International (BBI)" во соработка со Исламската заедница во БиХ и Исламската развојна банка (IsDB), собра учесници од над 40 земји, и околу 100 излагачи од целиот свет.

Во текот на „СХФ 2018", овозможени беа средби на регионалните произведувачи на халал производи од БиХ, Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Македонија и Албанија, со големи купувачи и дистрибутери од ЕУ, Саудиска Арабија, Турција, Малезија, Бахреин, Либија и Обединетите Арапски Емирати.







Назад
 
 
 
 
back to top