IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Четврток, 24.05.2018 || Hina products се закити со 4 златни медали  |  Тринаесет студенти примени во програмата „Меркатор-С“  |  Скопско Нефилтрирано, ново пиво од „Пивара Скопје“  |  Мора да се вложува во истражувања и во развој  |  Рекордни 15 награди за „Тиквеш“ во Лондон  |  Нов концепт - „Куќа хемије ексклузив“  |  Едукативен и инспиративен ден за паметење  |  Утре се одржува 4. FMCG Summit Скопје 2018  |  „Игло“ ја зголеми продажбата за 15%  |  Ванилата поскапа од среброто  |  Нова инвестиција на „Даути комерц“  |  Потрошувачите ги избраа производите на годината  |  „Хенкел“ останува посветен на продолжување на порастот  |  Цените на индустриските производи пониски на месечно, повисоки на годишно ниво  |  Решенија за поефикасно и поефективно работење  |  Преработувачите очекуваат поголема конкурентност на домашниот пазар  |  „Монделез“ го презема „Тејтс бејк шоп“  |  „Нестле“ ќе го продава кафето на „Старбакс“  |  Плаќање со мобилен телефон во „Меркатор“   |  Се укинуваат временските ограничувања за продажба на алкохол  |   ||
   

Србија: „Тривит“ ги презеде постројките на пекарницата „Алимпије“

18.01.2018
Компанијата „Тривит" неодамна ја купи пекарницата „Алимпије" и на тој начин ја спаси од финансиските проблеми со кои се соочуваше.

Така, „Тривит", компанија на Вера Шќепановиќ, стана побогата за уште една компанија која има големи капацитети, но и долгови и блокада на сметката која изнесува повеќе од 531.000 евра.

Според изјавите на Шќепановиќ, на 27 декември 2017 година купени се неподвижен имот, постројки и опрема на пекарницата „Алимпије".

Според договорот, „Тривит" се обврзува да ги исплати платите на вработените, комуналните услуги и обврските кон државата. Шќепановиќ додава дека се подготвени да инвестираат во купување и ремонт на опремата и дека планот е погонот во Железник да го користат за производство на производи наменети за централна Србија.

Компанијата „Тривит" е основана во 2006 година. Има пекарници во Врбас, Бечеј, Лозница и Никшиќ и погон за производство и преработка на овошје во Бачко Градиште. Во компанијата вработени се 600 луѓе.



Назад
 

 
 
 
back to top