IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 22.10.2018 || Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |  Расте добивката на „ПепсиКо“   |  „Нестле“ е заинтересиран да купи бренд за минерална вода  |  Германските трговци продаваат преку интернет   |  Нов „Стокомак“ во Тетово  |  Експресна услуга на нова локација во Струга  |   Увозот на храна расте побрзо од извозот   |  Во септември пад на светските цени на храната   |  „Фуд стар“ ќе извезува пилешко месо во Кина   |   ||
   

Босна и Херцеговина: Трговците бираат топ 100 производи

08.10.2018
Трговците од Босна и Херцеговина втора година по ред избираат 100 брендови што секоја подобро снабдена продавница мора да ги има на своите полици. 

Производителите и дистрибутерите нудат повеќе од 50.000 производи во од прилика 50 различни категории. Кога ќе се направи споредба меѓу понудата и побарувачката, понудата е и до 100 пати поголема од побарувачката. Важно е да се бираат производи кои ќе ги задоволат потребите на потрошувачите според цената и квалитетот, но и производи кои предизвикуваат најубава емоција.
 
Истражувачката агенција „Нилсен", која на пазарот во БиХ работи од 2006 година, предложи речиси 400 брендови, за кои по пат на онлајн прашалници гласаа трговците од БиХ. 

Градењето бренд е најдобар начин за некој производ да направи разлика во однос на конкурентските производи. Дали производот ќе биде бренд зависи од потрошувачите, но и од трговците кои во постојаната комуникација со своите купувачи, најдобро знаат што им треба. 

Изборот на топ 100 производи го организираше магазинот ИнСторе. Свечената промоција и прогласувањето на брендовите кои се MUST HAVE во сезоната 2018/2019, е утре. На настанот ќе присуствуваат претставници на најголемите трговци од Босна и Херцеговина и од компаниите чии брендови ќе бидат избрани.  



Назад
 
 
 
 
back to top