IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 27.05.2018 || Hina products се закити со 4 златни медали  |  Тринаесет студенти примени во програмата „Меркатор-С“  |  Скопско Нефилтрирано, ново пиво од „Пивара Скопје“  |  Мора да се вложува во истражувања и во развој  |  Рекордни 15 награди за „Тиквеш“ во Лондон  |  Нов концепт - „Куќа хемије ексклузив“  |  Едукативен и инспиративен ден за паметење  |  Утре се одржува 4. FMCG Summit Скопје 2018  |  „Игло“ ја зголеми продажбата за 15%  |  Ванилата поскапа од среброто  |  Нова инвестиција на „Даути комерц“  |  Потрошувачите ги избраа производите на годината  |  „Хенкел“ останува посветен на продолжување на порастот  |  Цените на индустриските производи пониски на месечно, повисоки на годишно ниво  |  Решенија за поефикасно и поефективно работење  |  Преработувачите очекуваат поголема конкурентност на домашниот пазар  |  „Монделез“ го презема „Тејтс бејк шоп“  |  „Нестле“ ќе го продава кафето на „Старбакс“  |  Плаќање со мобилен телефон во „Меркатор“   |  Се укинуваат временските ограничувања за продажба на алкохол  |   ||
   

Македонија: „Тиквеш“ ги закрои лозјата

14.02.2018

На лозјето кај локалитетот „Лепово", винарската визба „Тиквеш" од Кавадарци го изврши традиционалното закројување на лозниците во пресрет на претстојната пролет.

Во присуство на многубројни деловни партнери и соработници, членови на упревниот одбор и менаџментот на компанијата, закројувањето го извршија премиерот Зоран Заев, претседателот на управниот одбор на ВВ „Тиквеш", Светозар Јаневски, министерот за земјоделство Љубомир Николовски и генералниот директор на винарницата, Радош Вукиќевиќ.

Од винарницата информираа за исплатата на откупеното грозје од минатогодишниот род. Како што рекоа претставниците на компанијата, исплатени се близу 70% од вкупната вредност на грозјето, пред законски утврдениот рок, кој предвидува најмалку 60% од вкупниот износ да бидат исплатени заклучно со 15 февруари.

Компанијата од последната берба откупи околу 15 милиони килограми квалитено грозје, со просечна откупна цена од 19 денари за килограм, што е за 28% повисока од просечната откупна цена во претходните три години.


Назад
 

 
 
 
back to top