IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 15.12.2018 || „Виталиа“ продава и во Бангладеш   |  „Нектар“ и „Нелт“ се здружија во Србија   |  „Старбакс“ ќе отвори уште 2.100 ресторани ширум светот  |  „Жито маркети“ прослави 30 години   |  „Дм дрогерие маркт“ забележа двоцифрен раст   |  „Розе“ во „Вашингтон пост“   |  „Виолета“ ја разубави скопска Гинекологија   |  Vincinni извезува во Јужна Кореја   |  Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |   ||
   

Македонија: Стопанска Комора бара да се намали акцизата за пивото

01.10.2018
Акцизата на пивото да се намали од четири на три денари за литар алкохолен степен и наместо 32,5 да изнесува 24,4 евра. Овој предлог го изнесе Стопанската комора на Македонија, со цел да се надминат клучните причини кои резултираа со денециски пад на индустријата за пиво. .   

Билјана Пеева – Ѓуриќ, в.д извршна директорка на Стопанската комора, укажа дека во Македонија има најмала потрошувачка на пиво во цела Европа, а највисока акциза. 

Производството и продажбата на пиво изминатите десет години бележи негативен трен. Најголеми причини за тоа се токму зголемената акциза од 2013 година, но и воведувањето на лиценците за продажба на алкохол во 2008 година, како и временото ограничување на продажбата што до скоро беше во сила, рече Пеева – Ѓуриќ.  

Ако во 2008 година во Македонија се пиеле 33 литри по жител, во последните четири до пет години потрошувачката е сведена на 28 литри по жител. Падот на вкупната потрошувачка, пак, од 2008 година до сега е 110.000 хектолитри годишно или 16 отсто. Во 2008-ма сме трошеле 680.000 хектолитри, а сега бројката е 570.000 хектолитри.
 
Според пресметките на компаниите, ако акцизите не се зголемеа и ако не се воведеше временото ограничување на продажбата, растот на потрошувачката ќе останеше од 1,5 отсто до 1,8 отсто. 

Доколку акцизата се врати на три денари за литар алкохолен степен, цената на пивото ќе биде подостапна, а потрошувачката ќе се врати на 680.000 хектолитри. Разликата од тие 110.000 хектолитри ќе значи 2,5 милиони евра плус приход во Буџетот, нагласи Пеева – Ѓуриќ.  

За споредба, потрошувачката на пиво во Бугарија и Романија е 75 литри по жител, во Хрватска над 81 литар, а во Чешка, која е рекордер, е 140 литри по жител. Акцизата, пак, за разлика од македонската која достигнува 32,5 евра во моментов, во Романија е 8,6 евра, во Германија 9,44, во Чешка 14,69 евра, а во Хрватска 25,89 евра.  

Дополнителен проблем се и лиценците што сега се задолжителни за продажба на алкохол.Чинат по 5.000 денари за секој објект доколку трговецот има до три објекти и по 15.000 денари за секој објект, доколку се повеќе од три објекти. Лиценците беа воведени во 2008 година. Според податоците на Комората, во таа година имало 13.000 регистрирани трговски објекти што продавале алколох. По воведувањето на лиценците, 5.500 од нив престанале да продаваат алкохол. Со тоа се намалил и вкупниот промет во трговијата на мало. 

Од 2019 година се очекува пивото да поскапи на светско ниво, поради сушната година и зголемувањето на цената на јачменот. Од Комората велат дека ако тоа се случи и во Македонија, дополнително ќе се намали пот



Назад
 
 
 
 
back to top