IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 27.05.2018 || Hina products се закити со 4 златни медали  |  Тринаесет студенти примени во програмата „Меркатор-С“  |  Скопско Нефилтрирано, ново пиво од „Пивара Скопје“  |  Мора да се вложува во истражувања и во развој  |  Рекордни 15 награди за „Тиквеш“ во Лондон  |  Нов концепт - „Куќа хемије ексклузив“  |  Едукативен и инспиративен ден за паметење  |  Утре се одржува 4. FMCG Summit Скопје 2018  |  „Игло“ ја зголеми продажбата за 15%  |  Ванилата поскапа од среброто  |  Нова инвестиција на „Даути комерц“  |  Потрошувачите ги избраа производите на годината  |  „Хенкел“ останува посветен на продолжување на порастот  |  Цените на индустриските производи пониски на месечно, повисоки на годишно ниво  |  Решенија за поефикасно и поефективно работење  |  Преработувачите очекуваат поголема конкурентност на домашниот пазар  |  „Монделез“ го презема „Тејтс бејк шоп“  |  „Нестле“ ќе го продава кафето на „Старбакс“  |  Плаќање со мобилен телефон во „Меркатор“   |  Се укинуваат временските ограничувања за продажба на алкохол  |   ||
   

Македонија: „Сите сити“ - нов систем за донирање вишок храна

23.04.2018
„Сите сити", систем за донирање и дистрибуција на храна до граѓаните беше промовиран денеска во Скопје. Системот за почеток ќе функционира во главниот град и преку 14 граѓански организации ќе опслужува најмалку 1.000 лица со по два оброка дневно.
Околу 450.000 граѓани не можат да си ги дозволат сите оброци во текот на денот, а од друга страна илјадници тони безбедна храна завршува на отпад и депонии, истакна Блаже Јосифовски од „Ајде Македонија" на денешната прес-конференција.

Развиена е транспортна и дистрибуциска мрежа, во зависност од видот на храната и потребата на корисниците, достапна е веб-платформа за поврзување на бизнисите и донаторите со граѓанските организации за видот на храната, количеството и кога можат да бидат преземани. Главни донатори ќе бидат производителите на храна, дистрибутерите, угостителските објекти и пекарниците, а досега на оваа иницијатива ѝ се приклучиле: „Нелт СТ", „Виталиа", „Рудине", Јоми фуд" и пекара „Перек".

Компаниите можат да не контактираат нас, да се потпише мемеорандум со кои се утврдуваат меѓусебните права и обврски и да се пријават на веб-платформата sitesiti.mk. Таму може да постираат секогаш кога имаат храна за донирање (рок, количество и сл.), таа информација за многу кратко време ја добиваат невладините организации кои го организираат преземањето на донацијата и ја носат онаму каде што е најпотребна. Претходно требаше да дојде инспектор и да утврди дали храната е за фрлање, потоа се организираше и плаќаше транспортот до „Дрисла" итн. Сега сето тоа е поедноставно и поекономично со овој систем, изјави за InStore Јосифовски.

Тој истакна дека доколку компаниите сакаат да бидат даночно ослободени, поради донирањето храна, тоа можат да го нагласат на огласот објавен веб-порталот, така што тие невладини организации што можат да одговорат и на овие дополнителни барања ќе можат да ја преземат храната од нив. Производите што се донираат мора да бидат во согласност со Законот за безбедност, а при трансакција на храната, компаниите треба да издадат испратница за производите со назнака - донација, а невладината организација потврда за прием на донации.

Швајцарската амбасадорка Сибил Сутер Тејада, чија земја преку СИДА дава поддршка за овој систем, истакна дека еден од поголемите предизвици за Македонија е како да се надмине проблемот со недостиг на храна.

Амбасадорот на САД Џес Бејли, истакна дека со овој проблем не се соочува само Македонија. Ваквата програма, според него, е добар пример како може да се работи заедно – граѓанскиот сектор, бизнисите и владата за подобрување на состојбата на граѓаните.

Во тек се консултации и средби со претставници од државните институции, невладините организации и со бизнис-секторот, преку стопанските комори, за креирање на законски основи преку кои ќе се олесни донирањето храна од компаниите.



Назад
 

 
 
 
back to top