IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 14.08.2018 || Успешно прво полугодие за „Баерсдорф“  |  Осмислена првата паметна кошница за мед  |  ЕУ одобри извоз на млеко од БиХ  |  Спорните соини шницли на „Виталиа“ содржат ГМО  |  За домашната ракија ќе се плаќа акциза  |  „Лидл“ го намалува прехранбениот отпад  |  Ќебапи и плескавици со пилешко се продавале како свински и говедски  |  ГМО во сојата на „Виталиа“ и во кочански ориз  |  Нови награди за македонските вина  |  „Нели“ ќе произведува бонбониера Azbuka  |  АВТ нов дистрибутер на „Вернер & Мерц“  |  Директорката на „Пепсико“ се повлекува од функцијата  |  Ново кисело млеко на „Бимилк“  |  Македонија на 28. место во светот по извоз на вино  |  Компанијата „13. јул-Плантаже“ ги зголеми приходите  |  „Хајнекен“ купува дел од најголемиот кинески производител на пиво  |  Руски „Светофор“ влегува во Романија  |  Промена во Управниот одбор на „Жито лукс“  |  Супер-колачите на „Виталиа“ со Брајова азбука  |  Групацијата „Реве“ бара нови партнери  |   ||
   

Македонија: Рекордни 15 награди за „Тиквеш“ во Лондон

21.05.2018
Вината на „Тиквеш" освоија 15 награди на Меѓународниот вински натпревар „International Wine Challenge" (IWC) што се одржа деновиве по 35-ти пат во Лондон, Велика Британија.
 
 
 
Во конкуренција од неколку илјади вина од 55 земји два сребрени медала освоија белото вино Bela Voda (2017) и црвеното Temjanika Classic (2017).
Меѓу наградените, потврда за квалитетот со бронзен медал добија црвените вина Barovo (2015), Alexandria Cuvée (2016), Vranec Special Selection (2016), Plavec Special Selection (2016) и Cabernet Franc Special Selection (2017).
Во категоријата розеви вина, бронза освои Alexandria Rose (2016), а од белите, виното Viognier Special Sellection (2017).
Меѓу наградени се и четири купажни вина на „Тиквеш" што се достапни само на британскиот пазар, а вината Sauvignon Blanc Special Selection (2017) и T'ga za Jug (2016) добија специјални признанија и препораки.
Од компанијата оценуваат дека со рекордните 15 награди го потврдиле реномето на „Тиквеш" како најтрофејна винарница од Југоисточна Европа и се уште еден доказ за квалитетот на вината од нашето поднебје.


Назад
 
 
 
 
back to top