IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 27.05.2018 || Hina products се закити со 4 златни медали  |  Тринаесет студенти примени во програмата „Меркатор-С“  |  Скопско Нефилтрирано, ново пиво од „Пивара Скопје“  |  Мора да се вложува во истражувања и во развој  |  Рекордни 15 награди за „Тиквеш“ во Лондон  |  Нов концепт - „Куќа хемије ексклузив“  |  Едукативен и инспиративен ден за паметење  |  Утре се одржува 4. FMCG Summit Скопје 2018  |  „Игло“ ја зголеми продажбата за 15%  |  Ванилата поскапа од среброто  |  Нова инвестиција на „Даути комерц“  |  Потрошувачите ги избраа производите на годината  |  „Хенкел“ останува посветен на продолжување на порастот  |  Цените на индустриските производи пониски на месечно, повисоки на годишно ниво  |  Решенија за поефикасно и поефективно работење  |  Преработувачите очекуваат поголема конкурентност на домашниот пазар  |  „Монделез“ го презема „Тејтс бејк шоп“  |  „Нестле“ ќе го продава кафето на „Старбакс“  |  Плаќање со мобилен телефон во „Меркатор“   |  Се укинуваат временските ограничувања за продажба на алкохол  |   ||
   

Македонија: „Рамстор“ го отвори 25.маркет

20.04.2018
Денеска е денот на свеченото отворање на 25. маркет „Рамстор" во земјава, кој е лоциран на  улицата Втора македонска бригада бр. 23, во населбата Скопје Север.

Новиот продажен објект на компанијата „Рамстор" – Македонија се простира на продажна површина од 500 квадратни метри. За услугата се грижи тим од 20 вработени, а потрошувачите имаат на располагање вкупно 4 наплатни каси, од кои една е за кафе. Пред објектот е обезбеден паркинг-простор за 10 возила.

Како што информираат од „Рамстор" – Македонија, асортиманот на маркетот се состои од 15.000 производи од различни трговски групи, а постојат и посебни оддели за свежо овошје и зеленчук, свежо месо, готвена храна и пекарница. Содржините на маркетот ќе бидат збогатени и со апарати за домаќинството, а во рамките на објектот е предвиден кафе-барот „Рам кафе", место каде што посетителите ќе може да седнат и да се одморат.

Со новиот маркет во Скопје Север синџирот „Рамстор" – Македонија достигна до вкупно 25 маркети во 7 града во земјава, кои се простираат на вкупна површина од 22.100 квадратни метри. Вкупниот број на вработени во компанијата изнесува 680. Oд трговскиот синџир најавуваат отворање на нови маркети.

Назад
 

 
 
 
back to top