IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Петок, 14.12.2018 || „Виталиа“ продава и во Бангладеш   |  „Нектар“ и „Нелт“ се здружија во Србија   |  „Старбакс“ ќе отвори уште 2.100 ресторани ширум светот  |  „Жито маркети“ прослави 30 години   |  „Дм дрогерие маркт“ забележа двоцифрен раст   |  „Розе“ во „Вашингтон пост“   |  „Виолета“ ја разубави скопска Гинекологија   |  Vincinni извезува во Јужна Кореја   |  Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |   ||
   

Хрватска: Работењето на „Агрокор“ бележи позитивни резултати

12.01.2018
Во месечниот извештај за работењето на вонредната Управа на „Агрокор" забележани се позитивни деловни резултати и продолжување на финансиското и оперативното реструктуирање на „Агрокор" и неговите поврзани компании. 

Приходите на „Конзум" и „Тисaк" се над очекуваното ниво, покажува месечниот извештај, кој се однесува на периодот од 11 декември 2017 година до 10 јануари 2018 година. „Конзум" оствари поголеми приходи, маржа, број на купувачи и оперативни добивки (ЕБИТДА), што е резултат на интензивното работење во изминатите месеци. „Тисак" ја прошири својата понуда што доведе до подобра бруто-маржа и ЕБИТДА. Намалувањето на трошоците во голема мера влијаеше на позитивните резултати во ЕБИТДА, а со поврат на приходите реализирана е и очекувана профитабилност.

Компаниите од деловната група Прехрана во ноември бележат пораст на приходите од продажбата и ЕБИТДА што е во согласност со очекувањата. Една од целите беше зголемување на залихите, како и подготовка за празничната сезона во декември. Во текот на ноември лансирани се неколку иновации во сегментот на замрзнатата храна и на маслото за јадење. Компаниите продолжија со постојано подобрување на ефикасноста на работењето преку намалување на трошоците, оптимизација на производственото портфолио и анализи на профитабилноста на купувачите и доставувачите.

Во деловната група Земјоделство, во ноември, особено се истакнува порастот на приходите од продажбата на „ПИК Винковац", поради зголемување на продажбата на прасиња и јагнешко месо, ратарски производи и подобар принос на шеќерната репа. 



Назад
 
 
 
 
back to top