IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Четврток, 19.07.2018 || Добивката на „Плантаже“ изнесува 2,4 милиони евра  |  „Ошан“ воведе гласовен четбот за вино и храна  |  Нова франшизна продавница „Шпар партнер“  |  Специјално пиво по повод средбата Трамп-Путин  |  Доделени првите грантови за домашни компании  |  „Карлсберг“ отвора нова пиварница  |  Кинези ќе градат индустриски парк за овошје и зеленчук  |  Нов ИнфоЛогистички центар во Љубљана  |  „Велпро“ ќе ги поддржува малите трговци  |  Белград стана побогат за уште еден dm  |  Резултатите на „Пепсико“ се подобри од очекуваните  |  Кратошија меѓу најдобрите вина на британскиот пазар   |  „Интермарше“ за постари лица  |  Повисоки трошоци за живот и малопродажни цени во јуни  |  „Бимилк“ подари ново место за спорт и рекреација  |  „Унилевер“ го купи бугарскиот бренд сладоледи Denny  |  „Нилсен“ именуваше нов раководител за Јадранскиот Регион  |  „Макпрогрес“ на „Summer Fancy Food Show“  |  „Перно Рикар“ ќе дистрибуира безалкохолен џин  |  Продажба на алкохолни пијалаци во секое време  |   ||
   

Македонија: Преработувачите очекуваат поголема конкурентност на домашниот пазар

11.05.2018

Месната преработувачка индустрија  ја поздрави одлуката на Владата за намалување на увозните давачки, односно за укинување на прелевманот и царината при увоз на замрзнато свинско месо за преработка.

Првпат по толку години добиваме одлука што нè спасува од тотален колапс. Капацитетите работат со 28-30%, а воедно сме и дискриминирани во однос на странските увозници. Со новата мерка, се покажа дека некој во оваа држава мисли и на индустријата на преработувачи на месо, изјави Слободан Кутревски од „Пекабеско", пред вчерашниот работниот состанок на Групацијата за преработка на месо и производство на сувомесни производи при Стопанската комора на Македонија.

Преработувачите очекуваат во периодот од шест месеци, колку што трае оваа мерка, да успеат да го зголемат производството и да станат поконкурентни на домашниот пазар, односно количествата што досега се увезуваа, да успеат тие да ги произведуваат.

Од оваа мерка, како што истакнаа преработувачите, придобивка ќе има и крајниот купувач. Со форсирањето на домашниот производ, освен индустријата, бенефит ќе има и купувачот – цените ќе се намалат за повеќе од 30 денари по килограм на секој готов производ, односно за 10-15%. Мерката е наменета за смрзнатото свинско месо, кое се користи за потребите на производството на свинските преработки. Значи – наменски, шестмесечно и само за потребите на индустријата. Со тоа, не добиваме никакви субвенции и стимулации, туку се изедначуваат условите за домашните компании да можат да бидат рамноправни со странските што увезуваат месни преработки, вели Кутревски.

Според домашните преработувачи, со намалувањето на увозните царински давачки, производителите на свинско месо во земјава нема да бидат загрозени, затоа што мерката не е стопроцентна, туку се однесува на 50% од утврдените потреби за суровини.

Влатко Георѓиевски од „МИК Свети Николе" напомена дека со оваа одлука, ќе се зголеми конкурентноста на домашната месна индустрија и таа ќе го најде своето место на домашниот пазар: Конечно ги добиваме условите што ги заслужуваме – досега, бевме гости дома и ги затворавме капацитетите еден по еден, посочи Ѓоргиевски изразувајќи надеж дека во следните шест месеци месната индустрија ќе успее да ги произведе количествата што досега се увезуваа.

Шестмесечниот период е преоден период, во кој треба да се види дали ќе се постигнат очекуваните резултати. Досега опстојувавме, а сега само бараме изедначување на условите. Во случај да не се остварат очекувањата во следните шест месеци, индустријата ќе биде принудена да ги намалува капацитетите и да отпушта работници, изјави за InStore Гоце Трајчев од „МИК Свети Николе".


Назад
 

 
 
 
back to top