IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Четврток, 19.07.2018 || Добивката на „Плантаже“ изнесува 2,4 милиони евра  |  „Ошан“ воведе гласовен четбот за вино и храна  |  Нова франшизна продавница „Шпар партнер“  |  Специјално пиво по повод средбата Трамп-Путин  |  Доделени првите грантови за домашни компании  |  „Карлсберг“ отвора нова пиварница  |  Кинези ќе градат индустриски парк за овошје и зеленчук  |  Нов ИнфоЛогистички центар во Љубљана  |  „Велпро“ ќе ги поддржува малите трговци  |  Белград стана побогат за уште еден dm  |  Резултатите на „Пепсико“ се подобри од очекуваните  |  Кратошија меѓу најдобрите вина на британскиот пазар   |  „Интермарше“ за постари лица  |  Повисоки трошоци за живот и малопродажни цени во јуни  |  „Бимилк“ подари ново место за спорт и рекреација  |  „Унилевер“ го купи бугарскиот бренд сладоледи Denny  |  „Нилсен“ именуваше нов раководител за Јадранскиот Регион  |  „Макпрогрес“ на „Summer Fancy Food Show“  |  „Перно Рикар“ ќе дистрибуира безалкохолен џин  |  Продажба на алкохолни пијалаци во секое време  |   ||
   

Србија: Потрошувачите ги избраа производите на годината

14.05.2018
Организаторите на првото истражување „Избран производ на годината", што меѓу потрошувачите го спроведе истражувачката агенција „Нилсен", ги соопштија победниците во деветте категории.
Во категоријата детергенти, омекнувачи за алишта, пелени, детергенти за садови и влошки победник е компанијата „Проктер & Гембел". „Витал" е победник во категоријата мајонез, Paloma е најдобра меѓу хартиените марамчиња, Jaffa меѓу наполитанките, а Barilla е најдобра во категоријата тестенини.

Производител  
Категорија  Производ
„Проктер & Гембел"   детергенти  течен детергент Ariel
„Витал"     мајонез    деликатесен мајонез Mayovita
„Палома"  хартиени марамчиња линија Paloma Care
„Проктер & Гембел" омекнувачи за алишта  Lenor inspired by Nature Collection
„Јафа"         наполитанки наполитанки Jaffa со 80% фил
„Проктер & Гембел" пелени Pampers Pants
„Проктер & Гембел" детергенти за садови Fairy Lemon
„Барила"   тестенини    Barilla
„Проктер & Гембел" влошки   Always Platinum Ultra Super Plus
                                                     
„Избран производ на годината" е најголемата светска награда, за која гласаат потрошувачите според критериумите иновација, новина, промена на производите и услугите за широка потрошувачка. Наградата првпат почнува да се доделува во Франција, во 1987 година, а денес се доделува во повеќе од 40 најразвиени држави.
 
Целта на наградата е да ги советува потрошувачите за купување на најновите производи на пазарот и да ги наградува производителите за квалитетот и иновативноста.
Печатот на „Избран производ на годината" е поддржан со гласовите на српските потрошувачи, а за производителите на победничките производи наградата е моќна маркетиншка порака.

Транспарентноста на изборот на „Избран производ на годината" е гарантирано со независното истражување на јавното мислење спроведено од „Нилсен", во март 2018 година, каде учествувале повеќе од 500 српски домаќинства.

Свеченото доделување на наградите ќе се одржаи на 31 мај во хотелот „Краун Плаза" во Белград. 



Назад
 
 
 
 
back to top