IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Петок, 14.12.2018 || „Виталиа“ продава и во Бангладеш   |  „Нектар“ и „Нелт“ се здружија во Србија   |  „Старбакс“ ќе отвори уште 2.100 ресторани ширум светот  |  „Жито маркети“ прослави 30 години   |  „Дм дрогерие маркт“ забележа двоцифрен раст   |  „Розе“ во „Вашингтон пост“   |  „Виолета“ ја разубави скопска Гинекологија   |  Vincinni извезува во Јужна Кореја   |  Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |   ||
   

Португалија: Пораст на продажбата на вино во 2017 година

10.01.2018

Продажбата на вино во Португалија минатата година се зголемила за 4% во малопродажниот канал и за 8% во баровите и во рестораните, покажуваат податоците на португалски „Нилсен".

Виното во шишиња и понатаму доминира на пазарот со 42,5% удел во продажбата. Иако сите видови вина забележаа пораст на продажбата минатата година, продажбата на националните вина се зголеми за 7%, што претставува позитивен динамизам за португалската екомонија, велат од „Нилсен" – Португалија.

Побарувачката за поскапи вински етикети довела до зголемување на просечните пазарни цени. Сепак, додека во трговскиот сектор цените се зголемувале, во угостителскиот бил забележан благ пад. Во малопродажбата била забележана зголемена побарувачка за вина од регионите на Лисабон, Дао и на Сетубал, додека во рестораните – од Доро, Мињо и од Тежо.

Инвестиции во извоз: Според наводите на асоцијацијата „Вини Португал", пиринејската земја годинава планира да инвестира околу 13 милиони евра за меѓународна промоција на своите вина. Од асоцијацијата, која ќе инвестира околу 6,5 милиони евра од вкупната сума, велат дека 24% од финансиите ќе бидат внаменети за американскиот пазар. САД се главната португалска дестинација за извоз, со пораст од 9,2% од 2011 до 2016 година, по кои следуваат: Франција, Велика Британија, Канада, Германија, Белгија, Холандија, Ангола и Швајцарија. Приоритетни земји за Португалија во иднина ќе бидат Канада, Кина, Русија и Полска.

Изворwww.esmmagazine.com


Назад
 
 
 
 
back to top