IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 16.07.2018 || „Карлсберг“ отвора нова пиварница  |  Кинези ќе градат индустриски парк за овошје и зеленчук  |  „Велпро“ ќе ги поддржува малите трговци  |  Белград стана побогат за уште еден dm  |  Резултатите на „Пепсико“ се подобри од очекуваните  |  Кратошија меѓу најдобрите вина на британскиот пазар   |  „Интермарше“ за постари лица  |  Повисоки трошоци за живот и малопродажни цени во јуни  |  „Бимилк“ подари ново место за спорт и рекреација  |  „Унилевер“ го купи бугарскиот бренд сладоледи Denny  |  „Нилсен“ именуваше нов раководител за Јадранскиот Регион  |  „Макпрогрес“ на „Summer Fancy Food Show“  |  „Перно Рикар“ ќе дистрибуира безалкохолен џин  |  Продажба на алкохолни пијалаци во секое време  |  „Лидл“ отвори логистички центар во Нова Пазова  |  Нова „Кораб Трница“ во скопско Црниче  |  Рекордно производство и извоз на пиво  |  Нов супермаркет на „Шпар“ вреден 9 милиони евра  |  „Лидл“ без пластика за еднократна употреба  |  Нови компјутери за Универзитетската библиотека   |   ||
   

Франција: Покрената истрага против „Лакталис“

28.12.2017

Француските власти покренаа истрага против компанијата „Лакталис", поради опасноста од зголемен ризик од салмонела во нејзиното млеко во прав за бебиња.

„Лакталис" им се извини на купувачите и соопшти дека одлуката за повлекување „од претпазливост" се однесува на сите производи од фабриката во Краон, Западна Франција, кои се произведени од февруари годинава. Во соопштението се наведува дека истражителите утврдиле дека проблемот настанал по реновирањето на фабриката на почетокот од годината.

Француските власти соопштија дека 31 дете во Франција биле заразени со салмонела од млекото од фабриката во Краон. Ниту едно едно дете не починало како последица од труењето, но 16 деца биле хоспитализирани.

„Лакталис" на 10 декември, во 30 земји од целиот свет, повлече од продажба 7.000 тони загадени производи. Француската влада ја објави листата земји, меѓу кои беа и Велика Британија, Кина, Пакистан, Бангладеш, Саудиска Арабија, Мароко, Судан, Перу и Колумбија, но не и САД, кои се голем пазар за млечната компанија.

Во земјава, Агенцијата за храна и ветеринарство соопшти дека од македонскиот пазар бил повлечен производот млечна храна за доенчиња со трговско име Picot SL и производите од брендот Picot SL Celia Prema, Celia Digex – 12, Celia Expert 2, со сериски броеви 17С0013095, 17С0012806 и 170012838, увезени преку фирмата „Промедика" од Скопје.


Назад
 
 
 
 
back to top