IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 27.05.2018 || Hina products се закити со 4 златни медали  |  Тринаесет студенти примени во програмата „Меркатор-С“  |  Скопско Нефилтрирано, ново пиво од „Пивара Скопје“  |  Мора да се вложува во истражувања и во развој  |  Рекордни 15 награди за „Тиквеш“ во Лондон  |  Нов концепт - „Куќа хемије ексклузив“  |  Едукативен и инспиративен ден за паметење  |  Утре се одржува 4. FMCG Summit Скопје 2018  |  „Игло“ ја зголеми продажбата за 15%  |  Ванилата поскапа од среброто  |  Нова инвестиција на „Даути комерц“  |  Потрошувачите ги избраа производите на годината  |  „Хенкел“ останува посветен на продолжување на порастот  |  Цените на индустриските производи пониски на месечно, повисоки на годишно ниво  |  Решенија за поефикасно и поефективно работење  |  Преработувачите очекуваат поголема конкурентност на домашниот пазар  |  „Монделез“ го презема „Тејтс бејк шоп“  |  „Нестле“ ќе го продава кафето на „Старбакс“  |  Плаќање со мобилен телефон во „Меркатор“   |  Се укинуваат временските ограничувања за продажба на алкохол  |   ||
   

Македонија: Пазарџиите ќе работат со лиценци

16.01.2018

Трговците на зелените пазари ќе работат со лиценци што ќе ги издава Комората на трговци на Република Македонија, а придонесите за здравствено и пензиско осигурување ќе ги плаќаат според тарифата за земјоделци-поединци.

 

Собранието на Република Македонија на 11 јануари го усвои новиот Закон за трговија на зелените пазари, со кој се регулира организирањето на пазарите, работењето и статусот на пазарџиите.

Со новата регулатива, фискализирањето на пазарите се одложува до влегувањето на Република Македонија во Европската Унија, а наместо да регистрираат фирма во Централниот регистар, трговците на пазарите ќе работат со лиценци, кои ќе ги издава Комората на трговци.

Како што информира претседателот на Комората, Екрем Долек, по анализите што ги направиле Комората, Владата и Министерстрвото за економија, било решено придонесите за здравствено и пензиско осигурување трговците на пазарите да ги плаќаат според тарифата за дејноста земјоделец-поединец, која по обемот и по природата на работата се покажала најблиска.

Според решенијата од новиот закон, овластувањето за издавањето на лиценците ѝ е делегирано на Комората на трговци на Република Македонија. Основа за добивање лиценца ќе биде договор за користење тезга, издаден од организаторот на пазарот, со траење од една година, колку што ќе биде и важноста на лиценците.

Цената на лиценците се очекува да биде утврдена деновиве, на состанок на Комората со министерствата за финансии и за економија.


Назад
 

 
 
 
back to top