IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Петок, 19.10.2018 || Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |  Расте добивката на „ПепсиКо“   |  „Нестле“ е заинтересиран да купи бренд за минерална вода  |  Германските трговци продаваат преку интернет   |  Нов „Стокомак“ во Тетово  |  Експресна услуга на нова локација во Струга  |   Увозот на храна расте побрзо од извозот   |  Во септември пад на светските цени на храната   |  „Фуд стар“ ќе извезува пилешко месо во Кина   |   ||
   

САД: Отворен е првиот „Амазон гоу“ за потрошувачите

23.01.2018

По повеќе од година пробен период, „Амазон" во Сиетл ја отвори првата продавница „Амазон гоу" за потрошувачите, во која нема каси, ниту чекање во редови на наплата.

Новиот формат, кој се смета за револуција во малопродажбата, го тестираа вработените во компанијата „Амазон" во Сиетл, за сè да биде во ред. Продавницата, која се простира на површина од 1.800 квадратни метри, користи мрежа камери, кои се монтирани на таванот за да го идентификуваат секој купувач и да ги следат артиклите што тој ги зема, со што се елиминира потребата за посебно читање и наплата на одбраните производи на каса.

Пред влегувањето, купувачите мора да ја скенираат апликацијата Amazon Go од својот паметен телефон. Сензорите на полиците ги додаваат артиклите на сметка, откако купувачот ќе ги земе од полица, или ако ги врати – се бришат. Купеното се наплаќа со кредитната картичка на купувачот, кога тој ќе ја напушти продавницата. Накратко, купувањето во „Амазон гоу" изгледа на следниот начин: купувачот влегува во продавницата, зема што сака и излегува.

Гигантот за е-продажба ја отвори „Амазон гоу" за вработените уште во ноември 2016 година и имаше во план да ја отвори и за потрошувачите многу порано. Предизвиците со кои се соочил и што морал да ги реши пред да биде отворена, е правилната идентификација на купувачите со сличен облик на телото, или кога децата ги враќаат производите на погрешни места.

Џана Пуерини од „Амазон гоу" вели дека продавницата добро функционирала за време на експерименталната фаза.


Назад
 
 
 
 
back to top