IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 20.08.2018 || „Хенкел“ оствари добри резултати во вториот квартал годинава  |  ДИС отвори два маркета во Параќин  |  Законот за петокраката може да го забрани Heineken  |  „Констелејшн брендс“ вложува 5 милијарди долари во марихуана  |  Скопско ги враќа маалските дружби во Карпош  |  Нов начин на пакување на бананите  |  Наскоро ќе се знае судбината на „Равница“  |  Во Србија храната се купува на одложено  |  „Унилевер“ има нов логистички партнер  |  Реновиран „Рамстор“ во Ново Лисиче  |  „Шпар“ ќе отвори уште 80 објекти  |  Успешно прво полугодие за „Баерсдорф“  |  Осмислена првата паметна кошница за мед  |  ЕУ одобри извоз на млеко од БиХ  |  Спорните соини шницли на „Виталиа“ содржат ГМО  |  За домашната ракија ќе се плаќа акциза  |  „Лидл“ го намалува прехранбениот отпад  |  Ќебапи и плескавици со пилешко се продавале како свински и говедски  |  ГМО во сојата на „Виталиа“ и во кочански ориз  |  Нови награди за македонските вина  |   ||
   

Франција: „Ошан“ воведе гласовен четбот за вино и храна

18.07.2018

Француската малопродажна групација „Ошан" го претстави гласовниот четбот за вино и храна, кој ќе ги советува купувачите врз основа на нивните специфични винарски потреби.

 

Купувачите имаат можност на гласовниот асистент да му постават две специфични прашања: Кое вино најдобро се спарува со одредено јадење, односно кое јадење со кое вино оди најдобро? и Кое вино да го изберам за моите гости, според нивните преференции?

Новата платформа, која е достапна на Google Home и преку мобилната апликација Google Assistant, препознава 1.200 референци за вино, вклучувајќи ги сортите од Франција и од Новиот свет, кои ќе бидат соодветни на опциите за јадење и на буџетот на купувачот.

Гласовниот четбот е технологија што што води кон пофлексибилно искуство. Како трговец на новата генерација, сакаме оваа технологија да стане оска на нашата стратегија за повторно откривање на искуството на купувачите, истакнува Клер Коралевски, директорка за корисници и иновации.


Назад
 
 
 
 
back to top