IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 16.07.2018 || „Карлсберг“ отвора нова пиварница  |  Кинези ќе градат индустриски парк за овошје и зеленчук  |  „Велпро“ ќе ги поддржува малите трговци  |  Белград стана побогат за уште еден dm  |  Резултатите на „Пепсико“ се подобри од очекуваните  |  Кратошија меѓу најдобрите вина на британскиот пазар   |  „Интермарше“ за постари лица  |  Повисоки трошоци за живот и малопродажни цени во јуни  |  „Бимилк“ подари ново место за спорт и рекреација  |  „Унилевер“ го купи бугарскиот бренд сладоледи Denny  |  „Нилсен“ именуваше нов раководител за Јадранскиот Регион  |  „Макпрогрес“ на „Summer Fancy Food Show“  |  „Перно Рикар“ ќе дистрибуира безалкохолен џин  |  Продажба на алкохолни пијалаци во секое време  |  „Лидл“ отвори логистички центар во Нова Пазова  |  Нова „Кораб Трница“ во скопско Црниче  |  Рекордно производство и извоз на пиво  |  Нов супермаркет на „Шпар“ вреден 9 милиони евра  |  „Лидл“ без пластика за еднократна употреба  |  Нови компјутери за Универзитетската библиотека   |   ||
   

Хрватска: „Орбико“ најави влез во Белорусија и нови аквизиции

27.12.2017
Бранко Роголиќ, сопственик на „Орбико", во новата година почнува со освојување на уште еден нов пазар и тоа дваестти по ред.
Донесовме одлука да влеземе во уште една земја, Белорусија, и тој проект е во процес. Поради доверливите информации повеќе детали може да кажеме за два месеци, изјави Роглиќ кој објасни дека следната година не планира само влез на нови пазари, туку размислува и за нови преземања, а сака и да го зајакне пласманот на хрватските производи на странските пазари. 

Ќе реализираме една аквизиција и ќе го подготвиме теренот за реализација на уште една поголема во 2019 година. Станува збор за аквизиција чија вредност е поголема од 300 милиони евра, рече сопственикот на „Орбико".

Според визијата на компанијата до 2021 година, работењето на „Орбико" има постојан пораст од најмалку 10 отсто годишно. Тоа темпо го следат веќе неколку години, така што на крајот од 2017 година ќе забележат пораст во споредба со минатата година. Приходите се очекува да бидат околу стотина милиони евра повеќе во 2016 година и ќе изнесува 1,9 милијарди евра. Зголемена е и добивката за три милиони евра, а задолженоста е на истото ниво од минатата година.

Роголиќ истакнува дека со „Агрокор" и понатаму соработуваат, а во моментов и трајат преговорите за дистрибуција на производите на „Агрокор" во земјите каде „Орибико" има сопствени операции. Ќе направиме сè за да му помогнеме на „Агрокор", како и во пласман на нивните производи надвор од Хрватска, додаде тој.



Назад
 
 
 
 
back to top